Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 138.664 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Вирус — подмикроскопска честичка која не е способна да расте и да се размножува надвор од клетка домаќин. Вирусите можат да ги инфицираат сите животни форми, од животни и растенија до микроорганизми, вклучувајќи ги бактериите и археите.

Од времето на објавувањето на научниот труд на Дмитриј Ивановски во 1892 година, во кој за првпат е опишан не-бактериски патоген кој го инфицира тутунот, и откривањето на вирусот на мозаичната болест на тутунот од Мартинус Бејеринк во 1898 година, околу 5.000 вирусни видови се детално опишани, иако постојат милиони типови. Вирусите се наоѓаат речиси во секој екосистем на Земјата и се најзастапениот биолошки ентитет. Науката за вируси е позната како вирологија и претставува субспецијалност на микробиологијата.

Додека не инфицираат одредена клетка, вирусите постојат во форма на независни честички. Овие вирални честички, познати и како вириони, се состојат од два или три дела: (1) генетски материјал составен од ДНК или РНК; (2) заштитна белковинска (протеинска) обвивка наречена капсид, која го опкружува и заштитува генетскиот материјал; а во одредени случаи (3) обвивка од липиди која го опкружува белковинскиот слој. Формите на вирусните честички варираат од едноставни, спирални или икосаедрични форми, до мошне комплексни структури. Повеќето вирусни видови имаат вириони кои се премногу мали за да можат да се видат со оптички микроскоп. Просечната големина на еден вирион е околу една стотина од големината на просечната бактерија.

Потеклото на вирусите во еволуционата историја на животот на Земјата се нејасни: некои вируси можеби еволуирале од плазмиди (ДНК сегменти кои можат да се разменуваат помеѓу клетки), додека други можеби еволуирале од бактерии, со упростување на нивната структура. Во еволуцијата, вирусите се значаен посредник во хоризонталниот пренос на гени, процес кој ја зголемува генетската разновидност кај организмите. Некои автори вирусите ги сметаат за форма на живот, бидејќи тие носат генетски материјал, се репродуцираат и еволуираат по пат на природна селекција. Други, пак, не ги сметаат за форма на живот, бидејќи кај нив недостасуваат клучни одлики, како што е клеточната структура, кои се сметаат за основни обележја на животот. Бидејќи тие поседуваат неколку, но не сите, квалитети на жива материја, вирусите се опишани како „организми на работ на животот“. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Јаболка од сортата „златен делишес“.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Портрет на папата Бенедикт IX
Портрет на папата Бенедикт IX
На денешен ден…

Денес е 25 септември 2023 г.

Настани:

1493 Христофор Колумбо испловил од пристаништето во Кадис на своето второ патување кон Новиот Свет.
1513 Шпанскиот истражувач Васко Нуњес де Балбо ја поминал Панама и станал првиот Европеец кој го видел Тихиот Океан.
1555 Со мирот во Аугсбург, германските протестантски земји биле правно изедначени со римокатоличките.
1825 Меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, била пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железничкиот сообраќај.
1940 Во Норвешка на власт дошла квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Видкун Квислинг кој учестувал во германската агресија врз Норвешка во 1940 година, по што се прогласил за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа.
1946 Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Друштвото го формирал Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност.
1990 Нелсон Мандела бил пуштен на слобода.
1999 Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“ излегол првиот број на весникот „Скок“.

Родени:

1599 Франческо Боромини — италијански архитект.
1744 Фридрих Вилхелм II — пруски крал.
1866 Томас Хант Морган — американски биолог и генетичар, основач на генетиката и добитник на Нобеловата награда во 1933 година.
1896 Сандро Пертини — италијански политичар, адвокат и новинар.
1897 Вилијам Фокнер — американски писател, добитник на Нобеловата награда за литература.
1899 Лео Јунек — хрватско-француски сликар.
1903 Марк Ротко — американски сликар.
1944 Мајкл Даглас — американски глумец и филмски продуцент.
1951 Боб Макаду — американски кошаркар и тренер.
1955 Карл-Ханјц Румениге — германски фудбалер.
1961 Хедер Локлир — американска глумица.
1965 Скоти Пипен — американски кошаркар.
1968 Вил Смит — американски глумец, продуцент и пејач.
1969 Кетрин Зета Џонс — британска глумица.
1975 Сергеј Тетјухин — руски одбојкар.
1977 Риналдо Ночентини — италијански велосипедист.
1979 Микеле Скарпони — италијански велосипедист.
1984 Златко Хорват — хрватски ракометар.

Починале:

1849 Јохан Штраус — австриски композитор.
1943 Нико Нестор — еден од најголемите раководители и борец на народноослободителното движење во Струга и струшко.
1958 Џон Вотсон — американски психолог
1970 Ерих Марија Ремарк — германски писател.
1976 Никола Бадев — македонски пејач на народни песни.
1980 Џон Бонам — англиски рок-музичар, член на групата „Лед цепелин“.
2003 Едвард Саид — палестинско-американски социо-културолошки теоретичар.
2003 Франко Модиљани — италијанско-американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1985 година.
2006 Петре М. Андреевски — македонски писател.
2020 Горан Паскаљевиќ — српски режисер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик
🔥 Top keywords: Карлес ПуџдемонГлавна страницаСпецијална:БарајСилјан ШтркотГригор ПрличевСписок на планини во МакедонијаБраќа МиладиновциМакедонијаАвтобиографија (Григор Прличев)Хамурабиев законикГеографија на МакедонијаРимски бројкиЕсенОче нашМарко ЦепенковАзијаЗбунети годиниВулканМесопотамијаСкопјеПрва светска војнаРепублика КосовоГолеми и мали (роман)ЕвропаКултураМанастир БањскаМикробиологијаАлбер КамиЗемја (планета)Хамлет327 п.н.е.КрстовденНауката во 1663 годинаКонтинентЏузепе ГарибалдиШкотски јазикБроеви во македонскиот јазикРК БарселонаНауката во 1665 годинаЖан-Жак РусоСловачка1648 во уметностаБафи убиец на вампириСтивен ХокингВејн РуниИбицаISO/IEC 80000Науката во 1847 годинаАнгстремБлузГордана ЈанкулоскаАнгелот истребувачЕритрејаЏакомо ПучиниЛитиум хидридПартенија Зографски1961 во архитектуратаПеколот (Божествена комедија)Квадратен инчНаполеон БонапартБраунов кабинетКонстантин МиладиновИграПретседател на Европската комисијаThe New York TimesДен на востанието на МакедонијаХенри Волтер БејтсИсак АсимовСпецијална:СкорешниПромениБраќа МанакиМакедонски јазикАркореХороскопски знациЛирикаГинтер ФелингерКлетнициАмерикаФК Атлетико МадридКрал МаркоЃорѓија ПулевскиФотосинтезаЕгипетСписок на македонски народни поговоркиДијалекти на македонскиот јазикАфрикаМакедонска азбукаИграчки погонГоце ДелчевКрсте Петков МисирковДржавни празници во МакедонијаГрадови во МакедонијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаСтар ЕгипетПоделба на гласовите во македонскиот јазикПериоден систем на елементитеБараКатегорија:Котлини во МакедонијаПрироден бројОкеан