Лила Стојановска

македонска телевизиска водителка

Лила Стојановска или само Лила (Скопје, 15 октомври 1971)[1][2]македонска телевизиска водителка. Таа има одлична соработка со Јовица Наумчевски, Раде Нуневски, Илија Филиповски, Ѓоко Јовиќ, Ефто Пупиновски, Виолета Томовска, Марјан Коцев, Ванчо Тарабунов, Нино Величковски, Виданка Ѓорѓиевска, Група Академци и Група Биоритам.

Лила Стојановска
Родена15 октомври 1971
Скопје
НационалностМакедонка
Занимањеводителка
ДецаФилип Филиповски

Животописуреди

Лила е родена во Шведска, каде што живеела 12 години. Нејзиното семејство потекнува од скопското село Виниче.[3] Стојановска има завршено средно медицинско училиште во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”, и студирала на насоката Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј,[4] а зад себе има два брака и синот Филип од нејзиниот прв брак.[5]

Кариерауреди

Нејзините почетоци во работата се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги направила првите водителски чекори.

Лила краток период се занимавала и со музика, најпрво во дует варијанта со колегата Александар Блажевски во „Само љубовта“, па набрзо потоа и со својот тогашен водителски партнер, Крумислав Мишко Барзов во нивниот музички „Земјотрес“, а потоа и соло песните: „Ти верував до крај“, „Сонувам“, „Кам, бејби кам“. По разводот со својот тогашен сопруг Орце Димитровски, некогашен водач на групата „Ариа“ и нивниот музички излет на фестивалот „Охридски трубадури“, таа ја баталила музичката кариера, целосно посветувајќи му се на она, во што е неприкосновена – ТВ водителството.[6]

Нејзината популарност ескалирала со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“. Наредните години водела ток-шоуа и забавни емисии, еден од нив бил „Таму кај што си” со Мишко Барзов, а последниве години повторно се вратила на својата прва љубов – квизот. Последниве години, речиси една деценија, го води квиз-шоуто „Сè или нешто“, на ТВ Сител.[7] После подолга пауза од музиката во 2021 година, Лила повторно се враќа со нова песна, насловена како: "Тешко мене сотебе" која ја пее во дует со поп пејачот "Филип Пешевски".

Таа во неколку рекламни спотови, се појавува заедно со познатиот фитнес-модел Стефан Спирковски.

Наводиуреди

  1. „(Фото) Лила се потсети на мајка ѝ, кога како дете живееле во Шведска“. Reporter.mk. 2020-02-04. Посетено на 2021-03-23.
  2. „Лила со роденденско селфи“. zase.mk. Посетено на 2020-10-01.
  3. „За ова место ја врзуваат многу спомени: Лила го посети родното село на нејзиниот татко (фото)“. Vistina.mk. Посетено на 2020-10-01.
  4. Kalanoska, Biljana Nasteska. „Интервју Лила Стојановска "За да бидеш горд со детето, треба да бидеш прво горд сам со себе" | Hybread“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-02-09. Посетено на 2020-10-01.
  5. „ФОТО: Еве што мисли Лила Филиповска за бракот?“. zase.mk. Посетено на 2020-10-01.
  6. „Најпознатата македонска ТВ водителка ќе прави нова кариера на „стара слава": Лила му се враќа на пеењето? (ВИДЕО)“. Vistina.mk. Посетено на 2020-10-01.
  7. „Со годините се поубава: Вака изгледаше Лила пред две децении (фото)“. Vistina.mk. Посетено на 2020-10-01.
🔥 Top keywords: Главна страницаВирусСпецијална:БарајМакедонски претседателски избори (2024)Еврејски празнициМакедонски парламентарни избори (2024)МакедонијаGmailМакедонски парламентарни избори (2020)Робинзон КрусоАнгкор ВатКарлес ПуџдемонБратиславаОче нашГоце ДелчевСкопјеЛетно сметање на времетоХепатит ЦСписок на македонски народни поговоркиАнтичка МакедонијаМочуриштеБалканска приказна (ТВ-серија)Бор (град)Локални избори во Македонија (2021)Народна Република КинаИзборна единица 5Мирко ПоповСвети Кирил и МетодијИзборни единици во МакедонијаХристијанизација на Киевска РусијаКамбоџаМинистерство за животна средина и просторно планирањеДевојка со бисерна обеткаИзборна единица 1Гај Јулиј ЦезарКалендар на Велигденски датумиКочо РацинМајка ТерезаИзборна единица 2ПеперугиВојскаБитолаИзборна единица 3Скратеници во македонскиот јазикВелигденФК Манчестер СитиСпоменка (книга)ЕвропаСјогренов синдромЛехово (Леринско)Џ. Р. Р. ТолкинЗагребСкржавецот (Плавт)Википедија:Авторски праваМакедонци-муслиманиДаниел ДефоЖивко МукаетовАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаШтрковиРимска уметностМакедонскиСтар ЕгипетЛионел МесиСписок на повикувачки броеви на земјитеСписок на планини во МакедонијаГригор ПрличевДемократска партија на Турците на МакедонијаГеографија на МакедонијаТартифСредоземно МореДржавни празници во МакедонијаИлинденско востаниеАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЕгипетИзборна единица 4КошаркаМакедонска револуционерна организацијаЛазар Ристовски (глумец)Даме ГруевПодметИзборна единица 6Алиса во земјата на чудатаМодул:ArgumentsСмртност на доенчињаПрво заседание на АСНОМГолеми и мали (роман)ИменкаСписок на градови во МакедонијаБалтиморРак на белите дробовиСтругаМојот звукОпштини во МакедонијаИзбори во МакедонијаЕлена ЗагорскајаИнфективна мононуклеозаВардарПиреј (роман)Јане Сандански