Егејска Македонија

регион на Грција

Егејска Македонија (уште и Беломорска или Приморска Македонија) — дел од регионот Македонија, денес во состав на Република Грција. Претставува најголем регион во денешна Република Грција според површина и втор регион според број на население. Официјално се нарекува како Македонија (грчки: Μακεδονία), бидејќи сметаат дека тоа е единствениот ентитет кој има право да го носи името Македонија. Ова е една од причините за Грчко-македон- скиот спор околу името на Република Македонија.

Егејска Македонија
Μακεδονία του Αιγαίου
Знаме
Химна„Химна кон слободата“

ХимнаСлавна Македонија

Карта на Егејска Мкедонија
Карта на Егејска Мкедонија
Карта на Егејска Мкедонија
Главен градСолун
Најголем град Главниот град
Службен јазик грчки
Признаени регионални јазици македонски
Уредување Регион во Грција
 •  Управник на Западна Македонија Теодорос Карипидис
 •  Управник на Централна Македонија Апостолос Ѕиѕикостас
 •  Управник на Источна Македонија и Тракија
Површина
 •  Вкупна 34,356 км2 
Валута Евро
Се вози на десно

Егејска Македонија зафаќа околу 34.356 км2 или околу 51% од територијата на регионот Македонија. На запад се граничи со Албанија преку планините Грамошта (Грамос) и Корбец (Трикларио), на југ и југозапад оградена од планините Пинд и Олимп се граничи со грчката област Тесалија, на југоисток излегува на Егејското Море, на исток преку реката Места се граничи со областа Тракија, а на север се граничи со Република Македонија (Вардарска Македонија) и Бугарија (Пиринска Македонија).

Административна поделба

Административна поделба на Егејска Македонија во рамките на Грција

Според актуелната административна поделба на Република Грција, Егејска Македонија не претставува една административна единица, туку е поделена на три покраини, кои се нарекуваат: Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Најголем град во Егејска Македонија е Солун. Тој е седиште на покраината Централна Македонија.

Западна Македонија

Види Западна Македонија (Грција)

Покраината е позната по планините: Неред со врвот Вич (2.128 м), Сува Гора, Корбец, Пинд, Грамошта, северните падини на Олимп јужните падини на Ниџе, Дурла и Каракамен. Во овој дел се наоѓа и најјужниот дел на Пелагонија односно Леринското Поле. Карактеристични за овој регион се многуте езера како Островското, Петерското, Костурското, Рудничкото и Малото Преспанско Езеро.

Административна поделба на окрузи:

  1. Костур
  2. Лерин
  3. Кожани
  4. Гребен

Централна Македонија

Поврзано Централна Македонија (Грција)

Територијата на Централна Македонија се состои во 84% од огромното плодно Солунско Поле или Кампанија. Во овој дел се вбројуваат и Пајак Планина, Мегленската Котлина и Циганската Клисура. Низ овој дел Вардар го завршува својот тек и се влева во Егејското Море кај Солун.

Административна поделба на окрузи:

  1. Иматија
  2. Кукуш
  3. Постол
  4. Пиерија
  5. Сер
  6. Солун
  7. Халкидик

Источна Македонија и Тракија

Погл. Источна Македонија и Тракија

Источниот дел на Егејска Македонија може да се одликува со две големи реки: Струма и Места, како и релативно ниски планини и ридести предели како Круша, Карадаг и други. Од околиите на оваа покраина, само две се во Егејска Македонија:

Административна поделба на окрузи:

  1. Драма
  2. Кавала
  3. Тасос (општина-округ)

Овие се под надлежност на државното владино Министерство на Македонија и Тракија.

Областа се граничи со соседните области Тесалија и Епир.

Градови и број на нивното население во Егејска Македонија

Список на градови во Егејска Македонија според бројот на нивното население
1. Солун773.180
2. Кавала58.663
3. Сер54.266
4. Катерина50.510
5. Бер42.794
6. Драма42.501
7. Кожани38.591
8. Кајлар30.017
9. Ениџе Вардар (Пазар)26.296
10. Негуш19.870
11. Воден18.253
12. Кукуш17.430
13. Костур14.813
14. Лерин14.279

Историја на Егејска Македонија

На територијата на Егејска Македонија, како и на целата територија на регионот Македонија, население имало уште од старото камено време. Доказ за тоа се пронајдоците во пештерата Камено Гумно (Петралона) на Халкидичкиот Полуостров. Уште од раните времиња на антиката, Егејска Македонија била дел на античка Македонија позната како Долна Македонија. На територијата на Егејска Македонија се наоѓале и македонските кралски престолнини Пела и Ајга.

Во периодот на христијанството токму на брегот на Егејското Море во Егејска Македонија била покрстена првата Македонка Лидија, а низ Егејска Македонија пропатувал и Апостол Павле каде што ги образувал првите христијански црковни општини во Македонија и Европа воопшто. Во периодот на доаѓањето на Словените, солунските браќа Кирил и Методиј ќе ја создадат словенската азбука глаголица врз основа на македонските словенски говори од Солунско. Во средновековниот период територијата на Егејска Македонија, покрај под византиска власт, ќе влезе и во составот на државите на неколку балкански феудалци сè до потпаѓањето под турската власт.

Во турскиот период на владеење на територијата на Егејска Македонија ќе се случи најпрвин Негушкото востание во 1828 година, а свој силен одглас ќе има Илинденското востание особено во западните краишта.

По Балканските војни, според Букурешкиот мировен договор од 1913 година, територијата на Егејска Македонија ѝ се доделува на Грција и од тогаш започнува најтешкиот период во историјата за македонското население на овие простори. Со бескрупулозни и насилни методи во периодот 1913 - 1928 година грчките власти ќе спроведат колонизаторска политика врз Македонците со што ќе го сменат етничкиот карактер на целата област. За време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949) дури 14.000 Македонци ќе застанат да се борат во редовите на ДАГ, но тоа ќе се одрази уште покатастрофално врз Македонците со нов бран на насилни протерувања, ѕверски убиства и мачења од страна на грчките монархофашистички власти.

Етнички состав на населението

ГодинаНаселениеМакедонци православниМакедонци муслиманиТурциГрциЕвреиВласиРомиАлбанциДруги
1900[1]307.24039.532270.600221.77259.56033.28429.5888.87519.310
1904[2]896.494
1912[3]326.42641.000295.000234.00060.00050.00030.0009.000
1913[4]370.371274.052236.75568.20644.41425.30215.1088.019
1920[5];[6];[7]500.000
1949[8];[9]195.395

Македонците во Егејска Македонија

Знамето на Република Македонија (1991-95). Националното знаме на Македонците, со ѕвездата од Кутлеш

Егејска Македонија денес има околу 2.200.000 жители. Точниот број на лицата што се декларираат себеси како етнички Македонци не е познат, бидејќи при спроведувањето на пописите, не постои графа за националност со наслов Македонци. Според повеќе изјави на раководителите на македонската партија Виножито на чело со Павле Филипов (Воскопулос), бројката на Македонците во Грција се движи до 400.000 луѓе. Сепак поради големите рестриктивни и агресивни асимилациони и денационализаторски мерки кои биле преземани врз Македонците од страна на грчките власти во минатото, голем дел од Македонците во Егејска Македонија се со ниска национална свест, а македонскиот јазик е минимизиран пред сè кај младите Македонци. Најголем број на Македонци живеат во западните и северозападните делови на Егејска Македонија во градовите Лерин, Воден, Костур и нивните околни села. Генерално кажано, грчката влада не признава постоење на македонско малцинство во Грција и поради ова честопати е цел на критики од страна на повеќе странски организации меѓу кои и Хелсиншкиот комитет[1] Архивирано на 9 декември 2006 г.

Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во Егејска Македонија, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во Егејска Македонија, Македонците живеат во околу 420 населени места и сочинуваат околу 12% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 280.000 Македонци.

Во Егејска Македонија не постои образование на македонски јазик, а обидите да се создаде Македонски културен центар во Воден, биле спречени од страна на грчката администрација. Во 2006 година во Атина и Солун беше промовирано повторното издание на Абецедарот на современата македонска азбука и јазик, кој за првпат бил испечатен во 1925 година од страна на грчката влада, што е чекор напред во подобрувањето на малцинските права на Македонците во Егејска Македонија и Грција воопшто. Во најново време во јули 2007 македонскиот национален фолклорен ансамбл „Танец“ одржа турнеја низ повеќе места во Егејска Македонија како што се Кајљарско, Мегленско и Леринско, на големо воодушевување и задоволство на тамошните жители Македонци. Оваа турнеја своевидно претставува и прв културен контакт на Македонците од Република Македонија со своите сонародници Македонци кои сè уште живеат во Егејска Македонија, по подолго време од над 50 години.

Општиот став кој владее во Грција е дека тврдењето за постоење на македонско малцинство претставува територијална претензија на Република Македонија.

Проценка на бројот на Македонците според пописот од 2011 година.
ОпштинаМакедонциВкупно% на Македонци
Преспа6761.56043%
Лерин25.17232.88176%
Суровичево9.50516.97354%
Костур15.37835.87443%
Рупишта5.90411.80250%
Нестрам1.2812.64648%
Кајлар12.24045.59227%
Воден19.77428.81469%
Меглен10.52427.55638%
Вртикоп5.18920.18826%
Постол15.93863.12225%
Негуш11.58532.49435%
Бер5.93366.5479%
Гида3.43141.5708%
Гуменџе8.00728.49328%
Кукуш2.88651.9265%
Град Солун37.016673.0045%
Илиџиево2.99233.6739%
Делта10.73945.83923%
Даутбал19.05238.31736%
Капуџилар-Хортач13.39270.11019%
Лагадина13.57041.10333%
Валовишта6.80022.19531%
Долна Џумаја12.03121.14557%
Сер14.39876.81719%
Довишта1.80814.66412%
Нигрита1.81720.0309%
Зелјахово2.59912.39721%
Ениќој1689.1822%
Неврокоп3.6827.86047%
Пресечен4.78313.06636%
Драма7.41058.94412%
Доксат14914.5161%
Бук1623.9014%
Кушница34932.0851%
Кавала2.16170.5013%
Места71122.3313%
Егејска Македонија313.0022.386.95113%

Партии и организации на Македонците во Егејска Македонија

Македонците во Егејска Македонија се организирани во партијата Виножито со седиште во Лерин, и покрај острите репресии од страна на грчките власти. Партијата на Македонците во Егејска Македонија активно се бори за малцинските права на Македонците во Грција преку разни протести во Европскиот парламент и до европските институции и во внатрешниот политички живот на Грција.

Познати Македонци од Егејска Македонија

Поврзано: Категорија:Родени во Егејска Македонија

Наводи

  1. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. Софија, 1900. Бројките се сумирани врз основа на податоците за етничката структура во следните кази: Солунска, Берска, Ениџевардарска, Воденска, Кукушка, Лагадинска, Касандра, Света гора, Серска, З'хна, Демир-Хисарска, Драмска, Правишка, Кавалска, Сари-Шабанска, Леринска, Костурска, Калјарска, Анаселичка, Гревенска и Кожанска.
  2. DM Brancoff, La Macedoine et Population chretienne, Paris, 1905.
  3. Тодор Христов Симовски, „Населените места во Егејска Македонија“, Скопје.
  4. Стојан Киселиновски, „Егејскиот дел на Македонија (1913-1989)“, Скопје 1990.
  5. Μιχαήλ Χουλιαράκη, Γεωγραφική, διοικητική και πληθυσμιακή εξέλιξις της Ελλάδος 1821-1971, τόμος Γ΄, Αθήναι 1976.
  6. National censuses and vital statistics in Europe, 1918-1939
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-11-19. Посетено на 2012-12-09.
  8. „Sur la question de la minorité nationale macédonienne en Grèce“, Lazo Moïsov
  9. http://macedonian.atspace.com/knigi/lm_mnmg.htm
  1. D. M. Brancoff, La Macédoine et sa population chrétienne, Paris, 1905.
  2. http://www.greekhelsinki.gr/english/pressrelease/RP-Press%20Releases-Greece.html Архивирано на 14 март 2008 г.
  3. http://www.greekhelsinki.gr/pdf/rainbow-english.pdf Архивирано на 9 декември 2006 г.

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаВирусСпецијална:БарајМакедонски претседателски избори (2024)Еврејски празнициМакедонски парламентарни избори (2024)МакедонијаGmailМакедонски парламентарни избори (2020)Робинзон КрусоАнгкор ВатКарлес ПуџдемонБратиславаОче нашГоце ДелчевСкопјеЛетно сметање на времетоХепатит ЦСписок на македонски народни поговоркиАнтичка МакедонијаМочуриштеБалканска приказна (ТВ-серија)Бор (град)Локални избори во Македонија (2021)Народна Република КинаИзборна единица 5Мирко ПоповСвети Кирил и МетодијИзборни единици во МакедонијаХристијанизација на Киевска РусијаКамбоџаМинистерство за животна средина и просторно планирањеДевојка со бисерна обеткаИзборна единица 1Гај Јулиј ЦезарКалендар на Велигденски датумиКочо РацинМајка ТерезаИзборна единица 2ПеперугиВојскаБитолаИзборна единица 3Скратеници во македонскиот јазикВелигденФК Манчестер СитиСпоменка (книга)ЕвропаСјогренов синдромЛехово (Леринско)Џ. Р. Р. ТолкинЗагребСкржавецот (Плавт)Википедија:Авторски праваМакедонци-муслиманиДаниел ДефоЖивко МукаетовАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаШтрковиРимска уметностМакедонскиСтар ЕгипетЛионел МесиСписок на повикувачки броеви на земјитеСписок на планини во МакедонијаГригор ПрличевДемократска партија на Турците на МакедонијаГеографија на МакедонијаТартифСредоземно МореДржавни празници во МакедонијаИлинденско востаниеАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЕгипетИзборна единица 4КошаркаМакедонска револуционерна организацијаЛазар Ристовски (глумец)Даме ГруевПодметИзборна единица 6Алиса во земјата на чудатаМодул:ArgumentsСмртност на доенчињаПрво заседание на АСНОМГолеми и мали (роман)ИменкаСписок на градови во МакедонијаБалтиморРак на белите дробовиСтругаМојот звукОпштини во МакедонијаИзбори во МакедонијаЕлена ЗагорскајаИнфективна мононуклеозаВардарПиреј (роман)Јане Сандански