6 февруари

датум

Предлошка:Февруари 20246 февруари — 37-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 328 денови до крајот на годината (329 во престапна).

Настани:

1899 На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство.
1922 Во Вашингтон заврши конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на која е извршена нова поделба на колонии и се одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што е потпишан на конференцијата предвидуваше почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, „петтемина“ (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишаа Договор со кој се ограничува поморското вооружување на земјите потписнички.
1943 Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер е именуван за врховен командант на сојузничките сили во Северна Африка за време на Втората светска војна.
1945 Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа „Орце Николов“.
1992 Република Турција ја призна Република Македонија.

Родени:

1685 Чарлс II — крал на Англија.
1802 Чарлс Витстоун — англиски физичар, еден од пионерите на телеграфијата.
1895 Бејб Рут — американски играч на безбол.
1908 Ташо Ајановски — македонски деец.
1912 Ева Браун — сопруга на Адолф Хитлер.
1917 За За Габор — американска глумица со унгарско потекло.
1911 Роналд Реган — американски политичар и државник.
1932 Франсоа Трифо — француски филмски режисер.
1931 Анѓелко Вулетиќ — хрватски и босански поет.
1945 Боб Марли — јамајски реге-пејач.
1950 Натали Коул — американска пејачка.
1953 Зоран Филиповиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1956 Стефан Мицов — универзитетски професор и писател од Бугарија.
1962 Аксел Роуз — американски рок-пејач, член на групата Ганс енд розис.
1964 Андреј Звјагинцев — руски режисер.
1990 Татјана Хмирова — руска ракометарка.
1995 Леон Горецка — германски фудбалер.
2000 Конор Галагер — англиски фудбалер.

Починале:

893 Фотиј I — цариградски патријарх.
1664 Мустафа IIотомански султан.
1740 Климент XII — римски папа.
1793 Ланселот „Кејпабилити“ Браунанглиски пејзажен архитект.
1793 Карло Голдонииталијански комедиограф.
1804 Џозеф Пристли — англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар.
1893 Григор Прличев — македонски писател.
1902 Васил К’нчовгеограф, историчар и политичар од Бугарија.
1918 Густав Климт — австриски сликар.
1952 Џорџ VI — британски крал.
1981 Фредерика — кралица на Грција.
1998 Јохан Холзек - Фалко — австриски поп и рап пејач.
2011 Гари Мур — северноирски рок-гитарист.
2016 Данило Николиќ — српски писател.

Празници:

Ден на Договорот од Ваитанги — државотворен празник на Нов Зеланд.
🔥 Top keywords: Главна страницаВирусСпецијална:БарајМакедонски претседателски избори (2024)Еврејски празнициМакедонски парламентарни избори (2024)МакедонијаGmailМакедонски парламентарни избори (2020)Робинзон КрусоАнгкор ВатКарлес ПуџдемонБратиславаОче нашГоце ДелчевСкопјеЛетно сметање на времетоХепатит ЦСписок на македонски народни поговоркиАнтичка МакедонијаМочуриштеБалканска приказна (ТВ-серија)Бор (град)Локални избори во Македонија (2021)Народна Република КинаИзборна единица 5Мирко ПоповСвети Кирил и МетодијИзборни единици во МакедонијаХристијанизација на Киевска РусијаКамбоџаМинистерство за животна средина и просторно планирањеДевојка со бисерна обеткаИзборна единица 1Гај Јулиј ЦезарКалендар на Велигденски датумиКочо РацинМајка ТерезаИзборна единица 2ПеперугиВојскаБитолаИзборна единица 3Скратеници во македонскиот јазикВелигденФК Манчестер СитиСпоменка (книга)ЕвропаСјогренов синдромЛехово (Леринско)Џ. Р. Р. ТолкинЗагребСкржавецот (Плавт)Википедија:Авторски праваМакедонци-муслиманиДаниел ДефоЖивко МукаетовАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаШтрковиРимска уметностМакедонскиСтар ЕгипетЛионел МесиСписок на повикувачки броеви на земјитеСписок на планини во МакедонијаГригор ПрличевДемократска партија на Турците на МакедонијаГеографија на МакедонијаТартифСредоземно МореДржавни празници во МакедонијаИлинденско востаниеАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЕгипетИзборна единица 4КошаркаМакедонска револуционерна организацијаЛазар Ристовски (глумец)Даме ГруевПодметИзборна единица 6Алиса во земјата на чудатаМодул:ArgumentsСмртност на доенчињаПрво заседание на АСНОМГолеми и мали (роман)ИменкаСписок на градови во МакедонијаБалтиморРак на белите дробовиСтругаМојот звукОпштини во МакедонијаИзбори во МакедонијаЕлена ЗагорскајаИнфективна мононуклеозаВардарПиреј (роман)Јане Сандански