5 век п.н.е.

век

< 6 век п.н.е.5 век п.н.е.4 век п.н.е. >
100999897969594939291
90898887868584838281
80797877767574737271
70696867666564636261
60595857565554535251
50494847464544434241
40393837363534333231
30292827262524232221
20191817161514131211
10987654321

5 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 500 г. п.н.е., а завршил на 31 декември 401 г. п.н.е.

Светот на почетокот од 5 век п.н.е.
Атинскиот Партенон бил изграден во 438 г. п.н.е.

Во овој век бил основан Паталипутра, главниот град на империјата Магада. Градот опстанал повеќе од илјада години и станал главен град на многу индиски кралства. Овој период бил одбележан и со развојот на две големи филозофски школи во Азија, Џаинизам и Будизам. Махавира и Буда своите учења ги рашириле по северните рамнини на Индија, што, во суштина, ја сменило социо-културната и политичката динамика во регионот на Јужна Азија. Будизмот подоцна се развил во една од најголемите светски религии.

Во овој период делата на древно-индискиот граматичар Јаска станале широко познати. Тој ја создал Нирукта, една од најстарите дела по граматика позната на човештвото, со која го поставил камен-темелникот на санскритската граматика.

Овој век во Европа традиционално е познат како класичниот период на Грците, кој продолжил и во 4 век п.н.е. сè до времето на Александар Македонски.[1] Животот и делото на Сократ претставувало значајно обележје во грчката филозофија, иако неговите учења преживеале само преку делата на неговите ученици, особено на Платон и Ксенофонт. Творците на класичните грчки трагедии Есхил, Софокле и Еврипид, како и големиот творец на комедии Аристофан, ѝ припаѓале на оваа ера, а нивните дела сè уште се сметаат за класика на европското театарско творештво.

Грчко-персиските војни, кои се воделе меѓу коалицијата на грчките градови и големото Ахеменидиско царство (Првата персиска империја) биле клучниот настан во грчката политика. По успешното спречување на анексијата на Грција од страна на Персијците, Спарта, доминантната сила во коалицијата, немала намера за понатамошни напади и сметала дека војната е завршена. Во меѓувреме, Атина продолжила со нападите, ослободувајќи ги грчките градови на Јонското крајбрежје од Персиската империја и ја создала новата коалиција наречена Делски сојуз. Тензиите меѓу Атина и нејзините растечки империјалистички амбиции како водач на Делскиот сојуз и традиционално доминантната Спарта довеле до Пелопонеската војна.

Настаниуреди

490-ти п.н.е.уреди

  • 499 п.н.е.: Аристагора, дејствувајќи во име на Персиската империја, неуспешено го нападнал бунтовниот остров Наксос.
  • 499 п.н.е.: Аристагора го поттикнал Јонското востание, по што почнале Грчко-персиските војни меѓу Грција и Персија.
  • 499 п.н.е.: Малоазискиот град Сардис бил ограбен и опожарен од атинските и јонските војски.
  • 498 п.н.е.: Лентини бил освоен од тиранинот Хипократ од Гел.
  • 498 п.н.е.: Александар I го наследил својот татко Аминта I како крал на Македонија.
  • 496 п.н.е.: Битката кај Регилското езеро: легендарната рана римска победа над Етрурците или Латините.
  • 496 п.н.е.: Бил роден Софокле.
  • 495 п.н.е.: Бил изграден храмот на богот Меркур на Циркус Максимус во Рим.
  • 494 п.н.е.: Битката кај Ладе, по која Персијците повторно ја освоиле Јонија.
  • 494 п.н.е.: За првпат во Рим биле бирани два плебејски трибуни и два плебејски едили, а била основана и канцеларијата на трибуналот.
  • 494 п.н.е.: Рим се сменил од Аристократска Република во Либерална Република.
  • 493 п.н.е.: Бил основан Пиреј, пристаништето на Атина.
  • 493 п.н.е.: Гај Марициј Кориолан го освоил волскиот град Кориоли за Рим.
  • 492 п.н.е.: Прва експедиција на кралот Дариј I Персиски против Грција под раководство на неговиот зет Мардониј. Ова бил почетокот на воените дејствија кои кулминирале со Маратонската битка во 490 г. п.н.е.
  • 491 п.н.е.: Леотихид II го симнал својот братучед Демарат од власт и се прогласил за крал на Спарта.
  • 491 п.н.е.: Гелон станал владател на Гел.
  • 490 п.н.е.: Маратинската битка, каде Дариј I Персиски бил поразен од Атињаните и Платејците под Милтиадес.
  • 490 п.н.е.: Грчкиот војник Фидиппид трчал 40 километри од Маратон до Атина за да ја објави веста за победата на Грција и по објавувањето починал од изнемоштеност и крварење; оттаму потекнуваат маратонските трки.

480-ти п.н.е.уреди

  • 489 п.н.е.: Градовите на Родос се обединиле и започнале со изградба на новиот град Родос.
  • 488 п.н.е.: Леонид I го наследил својот брат Клеоменс I како крал на Спарта, откако Клеоменс го прогласиле за луд.
  • 487 п.н.е.: Египет се побунил против Персијците.
  • 487 п.н.е.: Егина и Атина влегле во војна.
  • 486 п.н.е.: Бил изграден првиот дел од Големиот канал во Кина.
  • 486 п.н.е.: Ксеркс I го наследил Дариј I како крал на Персија.
  • 486 п.н.е.: Се одржал Прв будистички совет во Реџаха, под покровителство на кралот Ајатасатту. Усната традиција била за првпат воспоставена.
  • 484 п.н.е.: Атинскиот писател на трагедии Есхил добил поетска награда.
  • 484 п.н.е.: Ксеркс I го укинал Вавилонското царство и ја отстранил златната статуа на божеството Бел (Мардук, Меродах).
  • 483 п.н.е.: Починал Гаутама Буда.
  • 483 п.н.е.: Персискиот цар Ксеркс I започнал да го планира освојувањето на Грција.
  • 481 п.н.е.: Завршува војната меѓу Атина и Егина.
  • 480 п.н.е.: Кралот Ксеркс I се обидел да ја освои Грција.
  • 480 п.н.е.: За да ги убеди Атињаните дека во борба против Персијците е потребна морнарица, а не пешадија, грчкиот генерал Кимон, заедно со неговите пријатели, демонстративно со коњски узди отишле на Акропол и се помолиле на божицата Атена, зел штит и слегол кон морето.  
  • 480 п.н.е.: Плеистарх го наследил својот татко Леонидас I како крал на Спарта.
  • август, 480 п.н.е.: Битката кај  Артемизиј била поморска битка меѓу вдружените грчки полиси и персиската монархија на чело со Ксеркс I и се одвивала истовремено со Битката на Термопилите. Грците биле принудени да се повлечат по тродневни борби.    
  • 11 август, 480 п.н.е.: Херојската Битка на Термопилите помеѓу вдружените грчки полиси, предводени од спартанскиот крал Леонид I, и Персијците, во која тие извојувале скапа победа над Грците.
  • 23 септември, 480 п.н.е.: Одлучувачката поморска Битка кај Саламина, помеѓу вдружените грчки полиси предводени од Темистокле и Персиската империја, во која Грците извојувале победа.
  • 480 п.н.е.: Битката кај Химера: Картагинците предводени од Хамилкар биле поразени од сицилијанските Грци, предводени од Гелон од Сиракуза.
  • 480 п.н.е.: Римската војска го нападнала етрурскиот град Веји.

470-ти п.н.е.уреди

  • 479 п.н.е.: Во Битката кај Платеј, Грците ги поразиле Персијците, со што завршиле Грчко-персиските војни.
  • 479 п.н.е.: Битката кај Микале била една од двете големи битки во која победиле вдружените грчки полиси, после што завршила втората персиска инвазија над Грција.
  • 479 п.н.е.: Потидеја, грчка колонија на Халкидики, била погодена од цунами.
  • 479 п.н.е.: Починал Конфуциј, големиот кинески филозоф, учител и политичар од времето на Периодот на пролет и есен.
  • 478 п.н.е.: Бил основан Храмот на Конфуциј во (денешен) Чу-фу.
  • 477 п.н.е.: Бил основан Делскиот сојуз меѓу грчките полиси .
  • 476 п.н.е.: Архидам II, крал на Спарта, го наследил својот дедо Леотихид, кој бил симнат од власт поради оптужба за мито и бил прогонет во Тегеј.
  • 475 п.н.е.: Кралот Јуан од Џоу станал 27-ти владетел на династијата Џоу и 15-ти владетел на источниот Џоу.
  • 474 п.н.е.: Битката кај Кума – поморска битка меѓу флотата на Сиракуза под водство на Хиерон I и етрурската флота, во која Етрурците биле поразени, со што завршила етрурската експанзија во јужна Италија.
  • 474 п.н.е.: Грчкиот поет Пиндар се упатил кон Теба.
  • 473 п.н.е.: Кинеската држава Ву била анектирана од државата Јуе.
  • 472 п.н.е.: Градот Каристос во Евбеја бил принуден да се приклучи на Делскиот сојуз (приближен датум).
  • 472 п.н.е.: Старогрчкиот писател Есхил ја напишал трагедијата „Персијанци“.
  • 471 п.н.е.: Атинскиот политичар Темистокле бил прогонет на десет години (острацизам).

460-ти п.н.е.уреди

  • 469 п.н.е.: Филозофот Сократ е роден во Атика, Грција.
  • 468 п.н.е.: Софокле, грчкиот драмски писател, го победил Есхил за Атинската награда.
  • 468 п.н.е.: Градот Антиум бил освоен од римските сили.
  • 468 п.н.е.: Кралот Џендинг од Џоу станал крал на Џоу династијата во Кина.
  • 466 п.н.е.: Делскиот сојуз ја поразил Персија во Битката кај Евримедон.
  • 466 п.н.е.: Грчката колонија Тарас во Голема Грција била поразена од Јапиги, домородно население од античка Апулија; Тарантинската монархија паднала и била заменета со демократија и протерување на Питагорејците.
  • 465 п.н.е.: Кралот Ксеркс I Персиски бил убиен во заговор скован против него од Артабан Хираканиј. Го наследил помладиот син Артаксеркс I, а Артабан себеси се прогласил за регент.
  • 465 п.н.е.: Тасос се побунил против Делскиот сојуз.
  • 464 п.н.е.: Во Спарта имало земјотрес, а во Грција дошло до востание на Хелотите и биле заострени односите со Атина, што било еден од факторите кои довеле до Пелопонеската војна.
  • 464 п.н.е.: Регентот Артабан Персиски бил убиен од страна на еден од заверениците.
  • 464 п.н.е.: Трета месенијска војна, меѓу Месенија и Спарта, избила по разорниот земјотрес во Спарта.
  • 462 п.н.е.: Револтот на Тасос против Делскиот сојуз завршил со нивно предавање.
  • 461 п.н.е.: Атинскиот политичар Кимон бил прогонет на десет години.
  • 460 п.н.е.: Египет се побунил против Персија, отпочнувајќи шестгодишна војна. Атинската војска која била испратена за напад на Кипар била пренасочена за да го поддржи овој бунт.
  • 460 п.н.е.: Луциј Квинкциј Цинцинат станал конзул на Римската Република.
  • 460 п.н.е.: Лекарот Хипократ е роден во Кос, Грција.

450-ти п.н.е.уреди

  • 459 п.н.е.: Плеистоанакт го наследил својот татко Плеистарх како крал на Спарта.
  • 459 п.н.е.: Според старогрчкиот историчар Диодор Сицилијански, сицилискиот град Моргантина бил уништен од Дукетиј, водач на Сикулите.
  • 459 п.н.е.: Еврејскиот свештеник Ездра, по 50 годишно ропство во Вавилон, ги извел Евреите од Вавилон и ги однел во Ерусалим.
  • 458 п.н.е.: Грчкиот драматург Есхил ја завршил трилогијата Орестија, приказната за семејната крвна одмазда. Со оваа трагедија тој ја освоил првата награда на натпреварот во 458 г. п.н.е. Овие три трагедии се единствени целосно сочувани дела на античката литература.
  • 458 п.н.е.: Цинцинат бил именуван за диктатор на Римската Република, со цел да се брани од италското племе Екви. Шеснаесет дена подоцна, по поразот на напаѓачите во Битката на планината Алгид, тој поднел оставка и се вратил на својата фарма.
  • 457 п.н.е.: Во оваа година била спроведена најголемата реформа на атинскиот државник Перикле, кој им овозможил на обичните луѓе да служат во било која државна канцеларија, а се смета дека тоа било почеток на Златното доба на античка Атина.
  • 457 п.н.е.: Во Битката кај Танагра, во близина на Теба, Спартанците ги поразиле Атињаните.
  • 457 п.н.е.: Битката кај Енофита - Атињаните ги поразиле Тебанците и ја презеле контролата врз Беотија.
  • 457 п.н.е.: Уредба на Артаксеркс I за повторно воспоставување на градската власт во Ерусалим. Види Ездра 7,  Даниел 9 и Неемија 1 во Стариот завет.
  • 455 п.н.е.: Било склучено Триесетгодишното примирје меѓу Атина и Лакедемон.
  • 455 п.н.е.: Еврипид ја претставил својата прва позната трагедија, Пелиадес, на атинскиот фестивал Дионисија.
  • 454 п.н.е.: Атина претрпела загуба на својата флота во неуспешен обид да ја потпомогне египетската буна против Персија.
  • 454 п.н.е.: Државниот трезор на Делскиот сојуз бил преместен од Делос во Атина.
  • 454 п.н.е.: Непријателства меѓу Сегеста и Селинунт, два грчки града на Сицилија.
  • 453 п.н.е.: Бил поплавен Таијуан, град во Кина.
  • 451 п.н.е.: Атина склопила мир со Спарта и ја започнала војната против Персија.
  • 451 п.н.е.: По постојаните меѓусебни борби за власт, римските плебејци и патриции се договориле да формираат десетчлена комисија наречена Децемвири, која требала да ја спроведува власта во Римската Република. Тие го донеле писмениот закон, наречен Закон на дванаесетте таблици, кои се основата на Римското право.
  • 450 п.н.е.: Битката кај Саламина на Кипар, во која Кимон извршил опсада на градот Китиј со цел да ги истера Персијците од Кипар. Тука тој загинал, а Грците не успеале да го ослободат Кипар.
  • 450 п.н.е.: Пердика II го наследил Александар I како крал на Македонија (приближен датум).
  • 450 п.н.е.: Во овој период дошло до постепено раселување и пропаѓање на Олмеците, древната цивилизација од Средна Америка. Тие го создале првото писмо во Америка, развиле календар, граделе пирамиди и измислиле игра со топка.

440-ти п.н.е.уреди

430-ти п.н.е.уреди

  • 439 п.н.е.: Цинцинат повторно станал диктатор на Римската Република; за време на неговиот мандат тој го поразил италското племе Волсци.
  • 439 п.н.е.: Гај Сервилиј Ахала го убил богатиот римски плебеец Спуриј Мелиј кој за време на големата глад во Рим продавал жито на народот по ниска цена, поради што бил обвинет дека сака да го придобие народот за да се прогласи за цар.
  • 438 п.н.е.: Двајцата грчки архитекти Иктин и Каликрат ја завршиле изградбата на Партенон, кој се наоѓа на атинскиот Акропол.
  • 435 п.н.е.: Статуата на Зевс од Фидиј, едно од седумтте чуда на светот, била завршена.
  • 434 п.н.е.: Дошло до конфликт помеѓу грчкиот остров Крф и Коринт.
  • 433 п.н.е.: Битката кај Сибота помеѓу Крф и Коринт.
  • 433 п.н.е. (или подоцна): Била изградена гробница на маркизот Ји од Зенг во Кина.
  • 432 п.н.е.: Атина го прифатила 19-годишниот циклус на синхронизирање на сончеви и месечеви календари.
  • 432 п.н.е.: Атина го поразила Коринт во Битката кај Потидеја.
  • 432 п.н.е.: Грчката колонија Хераклеја била основана од градовите Таранто и Туриј.
  • 431 п.н.е.: Пелопонеската војна започнала помеѓу Спарта и Атина и нивните сојузници.
  • 431 п.н.е.: Поразот на Екви од страна на Римјаните под диктаторот Авл Постумиј Туберт.
  • 431 п.н.е.: Грчкиот лекар и филозоф Емпедокле ја основал хуморалната теорија, според која човечкото тело се состои од четири основни телесни сокови (хумори): крв, жолчка, црна жолчка и слуз. Ова верување доминирало во медицината со векови.
  • 430 п.н.е.: Во Атина владеела голема епидемија, се верува дека била предизвикана од епидемичниот тифус.
  • 430 п.н.е.: За првпат била изведена трагедијата Царот Едип од Софокле.

420-ти п.н.е.уреди

  • 429 п.н.е.: Во поморската Битка кај Риј меѓу атинската и пелопонеската флота, Атина извојувала победа.
  • 429 п.н.е.: Во поморската Битка кај Наупакта, атинската флота под команда на Формио ја поразила пелопонеската флота.
  • 429 п.н.е.: Епидемија на чума убила над третина од населението во Атина.
  • 429 п.н.е.: Кралот на Тракија, Ситалк I, ја нападнал Македонија.
  • 428 п.н.е.: Градот Митилена се побунил против Атина, но бил уништен.
  • 428 п.н.е.: Спартанците се обиделе да го задушат бунтот на Крф, но се откажеле откако Атињаните се обиделе да ги пресретнат.
  • 428 п.н.е.: Грчката колонија Куме во Италија ја освоиле Самнитите.
  • 427 п.н.е.: Водачите на бунтот од Милитена, кои се побуниле против Атина, биле погубени.
  • 427 п.н.е.: Грчкиот град Платеја бил освоен од Спартанците и уништен.
  • 427 п.н.е.: Атињаните интервенирале во Сицилија, за да ја спречат Спарта да го заземе островот.
  • 427 п.н.е.: Бил роден филозофот Платон.
  • 426 п.н.е.: Војсководецот Демостен безуспешно ја опседнувал коринтската колонија Лефкада.
  • 426 п.н.е.: Кога Амбракија ја нападнала Акарнанија, тие побарале помош или од Спартанците или од Атињаните. Атињаните потоа ги поразиле Спартанците во Битката кај Олпеј.
  • 425 п.н.е.: Војсководецот Демостен го освоил пристаништето Пилос на Пелопонез.
  • 425 п.н.е.: Атињаните ја нападнале Сфактерија и ги поразиле Спартанците во Битката кај Пилос.
  • 424 п.н.е.: Сицилија се повлекла од војната и ги протерала сите страни војски, затоа и Атина била принудена да се повлече од островот.
  • 424 п.н.е.: Атињаните се обиделе да ја освојат Мегара, но биле поразени од Спартанците.
  • 424 п.н.е.: Спартанскиот генерал Бразид го освоил Амфиполис, што бил неуспех за Атина. Тукидид бил прогласен за одговорен за атинскиот неуспех и бил прогонет, а за тоа време напишал книга по  историја.
  • 423 п.н.е.: Атињаните дале предлог за прекин на воените дејствија, кој спартанскиот генерал Бразид го одбил.
  • 422 п.н.е.: Спартанците ги поразиле Атињаните во Битката кај Амфиполис, каде биле убиени и атинскиот генерал Клеон и спартанскиот генерал Бразид.
  • 421 п.н.е.: Никијскиот мир донел привремен крај на непријателствата меѓу Атина и Спарта.
  • 420 п.н.е.: Атинскиот државник Алкибијад бил избран за стратегиски советник на Атина и доминирал во атинската политика.

410-ти п.н.е.уреди

  • 419 п.н.е.: Никијскиот мир бил прекршен кога Спарта го поразила Аргос.
  • 418 п.н.е.: Спартанците освоиле голема победа над Атињаните во Битката кај Мантинеја, најголемата копнена битка во Пелопонеските војни.
  • 416 п.н.е.: Атињаните го зазеле островот Мелос и се однесувале многу сурово кон неговите жители.
  • 416 п.н.е.: Атињаните ја прифатиле молбата за помош од Сицилија и започнале да планираат инвазија на островот.
  • 415 п.н.е.: Светите Херми во Атина биле уништени пред да се испрати воената експедицијата за Сицилија. Еден од виновниците, Андокид бил фатен и принуден да ги издаде другите, меѓу кои бил и Алкибијад, поради што биле осудени на смрт.
  • 415 п.н.е.: Откако дознал дека го чека смртна казна, Алкибијад пребегал од Атина во Спарта.
  • 414 п.н.е.: Атињаните се обиделе да направат пробив во опсадата на Сиракуза, но биле поразени од Спартанците.
  • 413 п.н.е.: По поразот во Сиракуза Никиј побарал помош од Атина, која го пратила војсководецот Демостен со голема флота, која била поразена во поморската битка кај Сиракуза, во септември 413 г. п.н.е. Копнената атинска војска била повлечена длабоко во Сицилија, но била опколена од спартанската војска и била тешко поразена. И двајцата војсководци, Демостен и Никиј биле убиени, а сите други заробеници биле претворени во робови.
  • 413 п.н.е.: Карија станала сојузник на Спарта.
  • 412 п.н.е.: Персиската империја започнала да подготвува инвазија на Јонија и потпишала договор со Спарта за тоа.
  • 411 п.н.е.: Демократијата во Атина била соборена и заменета со олигархиски Совет од четиристотините. Овој совет скоро потоа бил поразен, редот бил повратен, а почнал да владее Советот на петте илјади. На почетокот на следната година Советот на петте илјади бил симнат и била обновена старата демократија.
  • 410 п.н.е.: Атина повторно ја воспоставила контролата над витална житна рута од Црното Море со тоа што ја поразила Спарта во Битката кај Кизик.

400-ти п.н.е.уреди

  • 409 п.н.е.: Атина повторно го зазела Византион, со што ставила крај на нивниот бунт против неа и ја презела контролата врз целиот Босфор.
  • 409 п.н.е.: Бил основан градот Родос.
  • 409 п.н.е.: Картагинците ја нападнале Сицилија.
  • 408 п.н.е.: Персискиот цар Дариј II одлучил да ѝ помогне на Спарта во војната и го прогласил својот син Кир за сатрап. Меѓутоа Кир започнал да собира војска за исполнување на своите интереси, а не за интересите на својот татко.
  • 408 п.н.е.: Алкибијад триумфално се вратил во Атина по седумгодишно прогонство.
  • 407 п.н.е.: Атинската флота била поразена од Спарта во Битката кај Нотиум, што била причина за противниците на Алкибијад да му ја одземат командата. Тој никогаш повеќе не се вратил во Атина.
  • 406 п.н.е.: Атина ја победила Спарта во Битката кај Аргинуските острови, но по битката претрпеле големи губитоци поради морска бура.
  • 406 п.н.е.: Спарта побарала воспоставување на мир, но Атина го отфрлила предлогот.
  • 406 п.н.е.: Картагинците повторно ја нападнале Сицилија и се вратиле назад во Картагина со воениот плен, но и со чума.
  • 405 п.н.е.: Спартанскиот крал Павзаниј II направил опсада на Атина, што довело до гладување во градот.
  • 405 п.н.е.: Дионисиј Постариот дошол на власт во Сиракуза. Тој потпишал мир со Картагина и започнал консолидирање и проширување на своето влијание.
  • 25 април, 404 п.н.е.: Атина ѝ се предала на Спарта, со што завршиле Пелопонеските војни. Спарта во Атина вовела олигархиски систем на владеење, со поставување на Триесетте тирани.
  • 404 п.н.е.: Бунт во Египет против персиското владеење.
  • 403 п.н.е.: Кинеската држава Џин била поделена на три помали нации.[2]
  • 403 п.н.е.: Некои прогонети Атињани се вратиле за да се борат со Триесетте тирани и да ја вратат демократијата во Атина. Меѓутоа, биле поразени од страна на Спартанците во Битката кај Пиреја. По ова, спартанскиот крал Павзаниј II дозволил демократијата да биде обновена во Атина.
  • 403 п.н.е.: Атинскиот војсководец Тразибул ја вратил атинската демократија и прогласил речиси општа амнестија.
  • 403 п.н.е.: Атињаните ја прифатиле јонската азбука.
  • 401 п.н.е.: Кир Помладиот се побунил против персискиот крал Артаксеркс II, но бил убиен во битка.
  • 400 п.н.е.: Откако Кир бил убиен, неговите грчки платеници се вратиле назад во Грција, каде Спарта, импресионирана од нивните подвизи и маршот низ Персија, решиле да прогласат војна на Персија.
  • 400 п.н.е.: Картагинците ја окупирале Малта.
  • 400 п.н.е.: Египќаните успешно се побуниле против персиската власт.
  • 400 п.н.е.: Завршил периодот Јомон во древна Јапонија.

Личностиуреди

Темистокле
Леонид I
Перикле
Аспасија
Софокле
Аристофан
Пиндар
Хипократ
Херодот
Сократ
  • Агесилај II, крал на Спарта
  • Алкибијад, атински генерал и политичар
  • Александар I, крал на Македонија
  • Аристид, атински државник
  • Артабан Персиски, регент на кралот Артаксеркс I
  • Артаксеркс II, крал на Персија
  • Аспасија од Милет, партнерка на Перикле и филозоф
  • Брасид, спартански генерал
  • Вергинија, легендарна жртва на Децемвирите
  • Веи Ли од Џоу, кинески владетел од династијата Џоу
  • Вен Хоу, кинески владетел на државата Веи
  • Ву Џиксју, кинески генерал и политичар
  • Гнеј Марциј Кориолан, римски генерал
  • Гоуџјан, кинески крал на државата Ју
  • Дариј II, крал на Персија
  • Дионисиј I Постариот, тиран од Сиракуза
  • Ефијалт, предавникот на Грците во Битката кај Термопилите
  • Као од Џоу, крал од династијата Џоу
  • Кимон, атински државник
  • Клеон, атински државник
  • Ксеркс I, крал на Персија
  • Леонид I, крал на Спарта
  • Лисандар, спартански генерал и адмирал
  • Лу Бан, кинески инженер, филозоф и изумител
  • Луциј Квинкиј Цинцинат, римски генерал
  • Мардониј, персиски генерал
  • Марко Фуриј Камил, римски политичар и државник
  • Милтијад, грчки генерал
  • Павзаниј, спартански генерал
  • Перикле, атински политичар и државник
  • Плеистарх, крал на Спарта
  • Пор, крал на Пурва
  • Си Ши, кинеска благородничка, прва од четирите убавици на древна Кина
  • Темистокле, грчки државник и генерал
  • Фан Ли, кинески државник и воен стратег од Периодот на пролет и есен
  • Фучаи, последниот крал на државата Ву од Периодот на пролет и есен
  • Џендинг, владетел од династијата Џоу

Ликовна уметностуреди

  • Агатарх, грчки сликар
  • Дурис, грчки сликар на вазни
  • Ефрониј, грчки сликар на вазни
  • Зеуксид, грчки сликар
  • Иктин, грчки архитект
  • Каликрат, грчки архитект
  • Кресилај, старогрчки вајар
  • Критиј, старогрчки вајар
  • Мнесикле, старогрчки архитект
  • Мирон, старогрчки вајар
  • Пеониј Мендски, старогрчки вајар
  • Пархасиј, еден од најславните старогрчки сликари
  • Полигнот, старогрчки сликар
  • Поликлет, старогрчки вајар
  • Фидиј, старогрчки вајар, сликар и архитект
  • Хиподам Милетски, старогрчки архитект

Книжевностуреди

  • Аристофан, старогрчки комедиограф
  • Бахилид, старогрчки лирски поет
  • Диагорас, старогрчки поет и софист
  • Еврипид, старогрчки драматург
  • Есхил, старогрчки драматург
  • Изократ, старогрчки оратор
  • Критиј, старогрчки автор
  • Кратин, старогрчки поет и драматург
  • Пиндар, старогрчки поет
  • Симонид од Кеј, старогрчки лирски поет
  • Софокле, старогрчки драматург
  • Филоксен од Китера, старогрчки поет на дитирамби

Наука и филозофијауреди

Спортуреди

  • Астил Кротонски, грчки тркач
  • Дандес од Аргос, грчки тркач
  • Диагора од Родос, грчки боксер
  • Ксенофонт Коринтски, грчки тркач
  • Полидам од Скотус, грчки панкратион

Откритијауреди

  • Лиеното железо за првпат било употребено во кинеското кралство Ву, по иновацијата на високите печки. Тоа станало широко применувано изработка на земјоделски алатки и оружје.
  • Требушет е катапулт кој за првпат бил употребен од следбениците на кинескиот филозоф Мо--це.
  • Грците почнале да употребувале кранови со дигалка при конструкција и товарење на бродови.
  • Грците ја вовеле линеарната перспектива.
  • Грците пронашле индиректен метод за лиење на бронза.
  • Кинескиот инженер за хидраулика Ксимен Бао ја надгледувал изградбата на огромен систем на канали за земјоделско наводнување, а бил најмен од Маркиз Вен од Веи (445 г. п.н.е. - 396 г. п.н.е.).
  • Кинескиот филозоф Ли Куи ја напишал книгата на закони во 407 г. п.н.е., која била основа за кодексот на закони на следната Ќин династија, а делумно и на Хан династијата.
  • Бил создаден најстариот познат мајански календар.

Наводиуреди

  1. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 98–163.
  2. Zhao, Dingxin (2008). „Comment on Kiser and Cai, ASR, August 2003: Spurious Causation in a Historical Process: War and Bureaucratization in Early China“. American Sociological Review (англиски). 69 (4): 603–607. doi:10.1177/000312240406900407. ISSN 0003-1224.
🔥 Top keywords: Главна страницаВирусСпецијална:БарајМакедонски претседателски избори (2024)Еврејски празнициМакедонски парламентарни избори (2024)МакедонијаGmailМакедонски парламентарни избори (2020)Робинзон КрусоАнгкор ВатКарлес ПуџдемонБратиславаОче нашГоце ДелчевСкопјеЛетно сметање на времетоХепатит ЦСписок на македонски народни поговоркиАнтичка МакедонијаМочуриштеБалканска приказна (ТВ-серија)Бор (град)Локални избори во Македонија (2021)Народна Република КинаИзборна единица 5Мирко ПоповСвети Кирил и МетодијИзборни единици во МакедонијаХристијанизација на Киевска РусијаКамбоџаМинистерство за животна средина и просторно планирањеДевојка со бисерна обеткаИзборна единица 1Гај Јулиј ЦезарКалендар на Велигденски датумиКочо РацинМајка ТерезаИзборна единица 2ПеперугиВојскаБитолаИзборна единица 3Скратеници во македонскиот јазикВелигденФК Манчестер СитиСпоменка (книга)ЕвропаСјогренов синдромЛехово (Леринско)Џ. Р. Р. ТолкинЗагребСкржавецот (Плавт)Википедија:Авторски праваМакедонци-муслиманиДаниел ДефоЖивко МукаетовАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаШтрковиРимска уметностМакедонскиСтар ЕгипетЛионел МесиСписок на повикувачки броеви на земјитеСписок на планини во МакедонијаГригор ПрличевДемократска партија на Турците на МакедонијаГеографија на МакедонијаТартифСредоземно МореДржавни празници во МакедонијаИлинденско востаниеАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЕгипетИзборна единица 4КошаркаМакедонска револуционерна организацијаЛазар Ристовски (глумец)Даме ГруевПодметИзборна единица 6Алиса во земјата на чудатаМодул:ArgumentsСмртност на доенчињаПрво заседание на АСНОМГолеми и мали (роман)ИменкаСписок на градови во МакедонијаБалтиморРак на белите дробовиСтругаМојот звукОпштини во МакедонијаИзбори во МакедонијаЕлена ЗагорскајаИнфективна мононуклеозаВардарПиреј (роман)Јане Сандански