Штитна жлезда

Штитната жлезда, штитна жлезда или тироидна — ендокрина жлезда која е сместена непосредно под гркланот, од двете страни на душникот. Има форма на штит. Се состои од два лобуса (лев и десен) кои се споени со еден потесен жлездест дел, наречен истмус. Штитната жлезда е тешка од 30 до 60 g. Тироидното ткиво го сочинуваат бројни тироидни фоликули кои се исполнети со белковидна маса (колоид), каде што се акумулираат тироидните хормони. Фоликулите се обложени со жлездести клетки - тиреоцити.

Штитна жлезда
Положба на:
1. Штитна жлезда
2. Параштитни жлезди
    
.
Податоци
ПретходникThyroid diverticulum
СистемЕндокрин систем
Назнаки
Латинскиglandula thyroidea
MeSHA06.407.900
TAA11.3.00.001
FMAFMA:9603
Хистологија на штитната жлезда од коњ
1-фоликули исполнети со колоид
2-тиреоцити
3-крвни капилари

Структурауреди

Штитната жлезда има облик на пеперуга, составена е од два лобуси, поврзани со „истмус“.[1] Има тежина од околу 25 грама кај возрасните, при што секој лобус има должина од околу 5 cm, ширина од околу 3 cm, и 2 cm дебелина, а истмусот е околу 1.25 cm во должина и висина.[1] Жлездата вообичаено е поголема кај жените отколку кај мажите, и се зголемува во текот на бременоста.[1][2]

Физиологијауреди

Хормони од штитната жлездауреди

Примарна функција на штитната жлезда е создавање на тироидна хормони, тријодотиронин (T3) и тироксин (T4) и пептиден хормон калцитонин.[3] За синтеза на тироидни хормони потребни се јод и аминокиселината тирозин. T3 е наречен така затоа што содржи три атоми на јод во својата молекула, а T4 содржи четири атоми на јод во молекулата.[4] Тироидните хормони имаат широк спектар на ефекти врз човечкиот организам.

После секрецијата, само мал дел од тироидните хормони циркулираат слободно во организмот. Повеќето се врзуваат за тироксин-врзувачкиот глобулин (околу 70%), транстиретин (10%), и албумин (15%).[5] Само 0.03% од T4 и 0.3% од T3 циркулираат слободно и имаат хормонска активност.[6] Дополнително, и до 85% од T3 во крвта се добива со претворање од T4 под дејство на јодотиронин дејодинази во повеќе органи.[3]

Регулација на функцијата на штитната жлездауреди

Синтезата и секрецијата на тироидните хормони се регулира по принципот на негативна повратна врска. Тоа значи дека зголемената концентрација на слободниот тироксин во крвта, влијае инхибиторно врз секрецијата на соодветниот ослободувачки хормон од хипоталамусот (Тиреотропин, TSH). Поради тоа се намалува секрецијата на TSH од аденохипофизата. Намалувањето на овој хормон доведува до намалена синтеза и секреција на тироидните хормони. При намалено ниво на тироксин во крвта, дејствата се обратни.

Клиничко значењеуреди

Нарушување на штитната функцијауреди

Хиперфункцијата на штитната жлезда доведува до појава на Базедова болест.Хипофункцијата во раниот развиток доведува до појава на ментално и физичко заостанување - кретенизам. Кај возрасни луѓе, поради намаленото лачење на тироидните хормони, доаѓа до намалување на метаболизмот, намалување на телесната температура, груба и отечена кожа, забавени реакции, незаинтересираност итн.

Наводиуреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Gray's Anatomy 2008, стр. 462–4.
  2. Elsevier's 2007, стр. 342.
  3. 3,0 3,1 Davidson's 2010, стр. 736.
  4. Guyton & Hall 2011, стр. 909.
  5. Greenspan's 2011, стр. 169.
  6. Bowen R (2000). „Thyroid Hormone Receptors“. Colorado State University. Архивирано од изворникот на 27 September 2011. Посетено на 22 February 2015.

Книгиуреди

  • Standring, Susan; Borley, Neil R.; и др., уред. (2008). Gray's anatomy : the anatomical basis of clinical practice (40th. изд.). London: Churchill Livingstone. ISBN 978-0-8089-2371-8. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)

Надворешни врскиуреди

🔥 Top keywords: Главна страницаВирусСпецијална:БарајМакедонски претседателски избори (2024)Еврејски празнициМакедонски парламентарни избори (2024)МакедонијаGmailМакедонски парламентарни избори (2020)Робинзон КрусоАнгкор ВатКарлес ПуџдемонБратиславаОче нашГоце ДелчевСкопјеЛетно сметање на времетоХепатит ЦСписок на македонски народни поговоркиАнтичка МакедонијаМочуриштеБалканска приказна (ТВ-серија)Бор (град)Локални избори во Македонија (2021)Народна Република КинаИзборна единица 5Мирко ПоповСвети Кирил и МетодијИзборни единици во МакедонијаХристијанизација на Киевска РусијаКамбоџаМинистерство за животна средина и просторно планирањеДевојка со бисерна обеткаИзборна единица 1Гај Јулиј ЦезарКалендар на Велигденски датумиКочо РацинМајка ТерезаИзборна единица 2ПеперугиВојскаБитолаИзборна единица 3Скратеници во македонскиот јазикВелигденФК Манчестер СитиСпоменка (книга)ЕвропаСјогренов синдромЛехово (Леринско)Џ. Р. Р. ТолкинЗагребСкржавецот (Плавт)Википедија:Авторски праваМакедонци-муслиманиДаниел ДефоЖивко МукаетовАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаШтрковиРимска уметностМакедонскиСтар ЕгипетЛионел МесиСписок на повикувачки броеви на земјитеСписок на планини во МакедонијаГригор ПрличевДемократска партија на Турците на МакедонијаГеографија на МакедонијаТартифСредоземно МореДржавни празници во МакедонијаИлинденско востаниеАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЕгипетИзборна единица 4КошаркаМакедонска револуционерна организацијаЛазар Ристовски (глумец)Даме ГруевПодметИзборна единица 6Алиса во земјата на чудатаМодул:ArgumentsСмртност на доенчињаПрво заседание на АСНОМГолеми и мали (роман)ИменкаСписок на градови во МакедонијаБалтиморРак на белите дробовиСтругаМојот звукОпштини во МакедонијаИзбори во МакедонијаЕлена ЗагорскајаИнфективна мононуклеозаВардарПиреј (роман)Јане Сандански