Статуа на Слободата

Статуа на Слободата (англиски: Statue of Liberty или Liberty Enlightening the World) — колосална неокласична скулптура на островот Слобода на пристаништето во Њујорк, САД. Статуата е подарок од народот на Франција на народот на Соединетите Американски Држави, и била дизајнирана од францускиот вајар Фредерик Август Бартолди, а металната конструкција е дело на архитектот Густав Ајфел, познат како главен архитект на Ајфеловата кула во Париз. Статуата била официјално отворена на 28 октомври 1886 година.

Статуа на Слободата
Statue of Liberty
МестоположбаСлобода, Њујорк, САД.[1]
Изграден28 октомври 1886
АрхитектФредерик Август Бартолди
Посетеност3,2 милиони (во 2007[2])
УправаСАД
Тип:Cultural
Критериуми:i, vi
Прогласено:1984 (8th session)
Број307
State Party: САД
Регион:Список на светско наследство на Америка
Национален регистар на историски места на САД
Службен назив: Statue of Liberty National Monument, Ellis Island and Liberty Island
Прогласено:15 октомври, 1966[3]
Број66000058
Национален споменик на САД
Прогласено:15 октомври, 1924
Designated by:Калвин Кулиџ[4]
Знаменитост на Њујорк
Тип:Individual
Прогласено:14 септември, 1976[5]
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Њујорк (град)" does not exist

Статуата на слободата е фигура на една жена која ја претставува Либертас, божица на римската слобода. Таа држи факел над главата со десната рака, а во левата рака носи табула ансата на која има впишано со римски бројки: JULY IV MDCCLXXVI (4 јули 1776), датумот на Декларацијата за независност на САД. Статуата станала икона на слободата и на САД. На нејзината нога може да се види раскинат синџир кој укажува на тоа дека дамата била поробена.

Бартолди бил инспириран од францускиот професор по право и политичар Едуард Рене де Лабулае, за кого се вели дека во 1865 година кажал дека секој споменик изграден за независноста на САД, би бил заеднички проект на француските и американските народи. Поради повоената нестабилност во Франција, работата на статуата не започнала до почетокот на 1870-тите. Во 1875 година, Лабулае предложил француска финансиска помош за статуата и САД да ја обезбеди локацијата и да го изгради пиедесталот. Бартолди ја комплетирал главата и оската на факелот пред да биде целосно дизајнирана статуата, а овие дела биле изложени за јавноста на меѓународни изложби.

Раката што го држела факелот била изложена на Стогодишната изложба во Филаделфија во 1876 година. Прибирањето средства одело тешко, особено за Американците, а до 1885 година работата на пиедесталот била загрозена од недостиг на средства . Издавачот Џозеф Пулицер, од New York World, започнал да ги донира за да го заврши проектот и привлече повеќе од 120.000 учесници, од кои повеќето дале помалку од еден долар. Статуата била изградена во Франција, испратена во странство на делови (повеќе од 200 пакети) со помош на бродови до Њујорк. Завршувањето на статуата било одбележано со првата парада со конфети во Њујорк а на церемонијата претседавал претседателот Гровер Кливленд.

Описуреди

Според Службата за Национални Паркови, идејата за Статуата на слободата за првпат била предложена од страна на Едуард Рене де Лабулеј, претседател на француското здружение против ропството и истакнат и важен политички мислител од неговото време. Проектот бил проследен во разговор со скулптурот Фредерик Бартолди. За време на разговорот по вечерата во неговиот дом во близина на Версај, Лабулеј, кој бил жесток поддржувач на Северот во Американската граѓанска војна, стои: „Доколку некој споменик се подигне во САД во чест на нивната независност, би го сметал за најприродно изграден со заеднички напори - заедничко дело на нашите две нации“[6].

Лабуле не го дал овој коментар како конкретен предлог, туку бил инспириран од еден млад вајар, Фредерик Огист Бартолди, кој присуствувал на вечерата. Поради репресивниот карактер на режимот на Наполеон III, Бартолди не презел итна акција во врска со идејата, освен дека ја разгледувал со Лабуле. Тој влегол во контакт со управителот на Египет Исмаил-паша, нудејќи му план за изградба на северниот крај на Суецкиот Канал огромен морски светилник со форма на древноегипетска селанка која држи подигнат факел. Античкиот прототип на проектот е Колос од Родос, бронзена статуа на старогрчкиот бог Хелиј со височина над 30 м, кој се наоѓал на влезот на пристаништето на Родос[7]. За целите на овој проект биле подготвени скици и макети, но не се пристапило кон негова реализација.

Американскиот проект повторно бил забавен од Француско-пруската војна во која Бартолди зел учество[8]. По војната и воспоставувањето на либералната Трета Француска Република, двајцата одлучиле дека условите се погодни за реализација на проектот и дека е вистинско време да го разгледаат со влијателни Американци[8][9].

Во јуни 1871 година Бартолди заминал за САД со препорачани писма од Лабуле[10]. Уште при пристигнувањето во Њујоршкиот Залив, Бертолди го забележал островот Бедлоу како соодветно место за споменикот, бидејќи сите бродови кои пристигнувале во Њујорк морало да поминат крај него. Тој со радост дознал дека островот е во сопственост на Владата на САД, откако Њујорк ја пренел неговата сопственост во 1800 година за потребите на одбраната на пристаништето. Како што забележува Бартолди во писмо до Лабуле, на тој начин островот е „територија, заедничка за сите држави[11]. Заедно со средбите со мнозина влијателни њујоркчани, Бартолди го посетил и претседателот Јулисиз Симпсон Грант, кој го уверил дека нема да биде тешко островот да биде искористен за поставувањето на статуата[12]. Бартолди ја поминал двапати Америка со воз и се сретнал со многу Американци, кои според него пројавиле симпатии кон проектот[10]. Сепак тој останал загрижен од тоа што јавното мислење и од двете страни на Атлантикот не било доволно ентузијастичко од проектот, поради што двајцата со Лабуле одлучиле да почекаат со започнувањето на јавна кампања[13].

„Белфортскиот лав“ на Бартолди

Бартолди ја направил својата прва макета за споменикот во 1870 година[14]. Подоцна синот на неговиот пријател, американскиот уметник Џон Лафарж, тврдел дека Бартолди ги направил првите скици за статуата за време на посетата на неговото ателје во Род Ајленд. Тој продолжил со својата работа на концептот по враќањето во Франција[14]. Во тоа време Бартолди создал и неколку скулптури, наменети да го покренат францускиот патриотски дух по поразот од Прусија. Меѓу нив е и монументалниот Белфортскиот лав со должина 22 метри - елементи од неговата карактеристична за романтизмот емоционалност, која Бартолди подоцна го искористил и во Статуата на Слободата[15].

Проектуреди

Детал од фреската на Константино Брумиди во Капитол, САД, кој прикажува два рани американски симболи– Колумбија и индијанска принцеза

Бартолди и Лабуле сакале на најдобар начин да ја претстават идејата за американската слобода[16]. Во раната американска историја, две женски слики најчесто се користеле како културни симболи на нацијата[17]. Едно од нив, олицетворената Колумбија, се смета за олицетворение на Соединетите Американски Држави, бидејќи Британија била идентификувана со Обединетото Кралство а Маријана ја претставувала Франција. Колумбија ја надополнува претходната слика на индиската принцеза, која започнала да се смета за нецивилизирана и навредлива за Американците[17]. Друга значајна женска икона во американската култура е алегоријата на Слободата, изведена на античката римска божица Либертас, особено популарна меѓу ослободените робови. Сликата на Либертас била прикажувана на повеќето американски монети од тој период[16], како и во популарната и монументална уметност, вклучувајќи ја и Статуата на слободата на Томас Крафорд од 1863 година, поставена врз централната купола на Капитол во Вашингтон[16].

Уметниците од XVIII и XIX век, кои се стремиле да ги истакнат републиканските идеали, често користеле слики на Либертас како алегоричен симбол[16]. Сликата за слободата била присутна и на официјалниот печат на Франција[16]. Од друга страна Бартолди и Лабуле сакале да избегнат прикажување на револуционерната слобода, како прикажаната од Ежен Делакроа во неговата позната слика „Слобода на барикадите“ (1830). На тоа платно, празнувајќи ја Француската Јулска револуција, полуоблечената Слобода ја води својата вооружена толпа низ телата на мртвите[17]. Лабуле не бил симпатизер на револуцијата, така што фигурата на Бартолди требало да биде целосно облечена[17]. Наместо впечаток за насилство, Бартолди се стремил да даде на статуата мирољубив вид и решил таа да држи факел кој ќе го симболизира прогресот.

„Статуа на Слободата“

Статуата на Крафорд била замислена во почетокот на 60-тите години и првично била со пилос, капа, доделувана на ослободените робови во Стариот Рим. Државниот секретар Џеферсон Дејвис, од Југот, кој подоцна станал претседател на Конфедеративни Американски Држави, стравувал дека пилосот може да биде прифатен за аболиционистички симбол и побарал да биде заменет со шлем [18]. Слободата на Делакроа исто така носи пилос[18] и првично Бартолди имал намера да користи пилос и за своето дело, но на крајот повеќе претпочитал дијадема или круна[19]. По овој начин тој ја избегнал врската со „Маријана“, која секогаш носи пилос[20]. Круната е со седум краци кои формираат ореол кои го симболизираат Сонцето, седумте мориња и седумте континенти[21].

Сите рани варијанти на Бартолди имаат ист концепт - женска фигура во неокласичен стил, која ја симболизира слободата, облечена со стола и пела (наметка, вообичаена за прикажување на римските божици) и држи кренат факел. Според распространето мислење, лицето е модел на Шарлот Бесе Бартолди, мајката на вајарот[22], но Режис Јубер тврди дека оваа и други слични шпекулации немаат реална основа. Бартолди за својата техника запишал:

Површините треба да бидат широки и едноставни, дефинирани со задебелен и чист дизајн нагласени на важни места. Ние мора да се воздржиме од проширување на деталите и од нивната многубројност. Преувеличувајќи ги формите за да ги направиме повеќе видливи или збогатувајќи ги со детали, би ја нарушиле пропорционалноста на работата. Конечно, моделот, како и дизајнот, мора да имаат општ карактер како што е даден на брза скица. Потребно е само овој лик да биде резултат од насочена волја и изучување, а уметникот, концентрирајќи го своето знаење, треба да ја пронајде формата и линијата во нејзината најголема едноставност.[23]

Во текот на проектот, Бартолди направил некои промени во споменикот. Првично тој планирал фигурата да држи скинет синџир, но одлучил дека по неколку години по крајот на Граѓанската војна тоа би било премногу поделено во јавното мислење. Во финалната верзија Слободата стапнува врз распаднатиот синџир, полускриен од нејзината облека и тешко забележлив од земјата[19]. Во почетокот Бартолди не бил сигурен што треба да се стави во левата рака на Слободата, но конечно се одлучил за tabula ansata[24], вид на плочка за гласање, користена во Стариот Рим, која треба да го симболизира законот[25]. Иако бил обожавател на Американскиот устав, тој претпочитал да напише: JULY IV MDCCLXXVI (4 јули 1776), датумот на Декларацијата за независност на САД. Бартолди го ангажирал на проектот и својот пријател и учител, архитектот Ежен Виоле ле Дик. Како главен инженер, тој го дизајнирал ѕидарскиот столб во статуата на која требало да се прицврсти неговиот надворешен слој[26].

Рана работауреди

До 1875 година, Франција уживаше подобрена политичка стабилност и опоравувачка економија по војната. Зголемениот интерес за претстојната стогодишна изложба во Филаделфија го натерало на Лабуле да одлучи дека е време да побара поддршка од јавноста[27]. Во септември 1875 година, тој го објавил проектот и формирањето на Француско-американскиот сојуз на своја рака. Со објавувањето, на статуата и било дадено име, „Слободата, која го просветлува светот[28]. Според договорот, Французите требало да ја финансираат статуата, а од Американците се очекувало да платат за пиедесталот[29]. Најавата предизвикала генерално поволна реакција во Франција, иако многу Французи не биле задоволни бидејќи Америка не помогнала во војната со Прусија[28]. Француските монархисти се спротивставиле на статуата, бидејќи била предложена од страна на либералот Лабуле, кој неодамна бил избран за сенатор[29]. Лабуле организирал настани чија цел била да се привлече вниманието на богатите, вклучувајќи и специјален настап во Париската опера на 25 април 1876 година, во кој била прикажана новата кантата на композиторот Шарл Гуно. Делото било насловено како „La Liberté éclairant le monde“, француска верзија на најавеното име на статуата[28].

Стереоскопска слика на десната рака и факелот на Статуата на слободата, 1876 година

И покрај првичниот фокус на елитата, француско-американскиот сојуз бил успешн во собирањето средства од целото француско општество. Училиштето и обичните граѓани дале, како и 181 француски општини. Политичките сојузници на Лабуле го поддржале повикот, како и потомците на францускиот контингент во Американската револуционерна војна. Свој придонес имале и круговите кои сметале на американската поддршка за изградба на Панамскиот Канал. За бакар можело да дојде од повеќе извори, а некои од нив се смета дека биле од рудник во Норвешка,[30], иако ова не е конечно утврдено по тестирањето на примероците[31]. Според Кара Сатерленд, биле потребни 90.800 килограми за да се изгради статуата, а францускиот производител на бакар Еуген донирал 58.100 килограми бакар[32].

Иако плановите за статуата не биле финализирани, Бартолди се придвижил напред за изработка на десната рака, која го носи факелот и главата. Работата започнала во работилницата Gaget, Gauthier & Co.[33]. Во мај 1876 година, Бартолди отпатувал за Соединетите Држави како член на француска делегација на Стогодишната изложба[34], и направил огромна слика на статуата која била прикажана во Њујорк, како дел од прославите на фестивалот[35]. Раката не пристигнала во Филаделфија до август; поради нејзиното задоцнето пристигнување, не била наведена во каталогот на изложбата, а додека некои извештаи правилно ја идентификувале, други ја нарекле „Колосална рака“. Изложбениот простор имал голем број монументални уметнички дела. Раката се покажала популарна во деновите на изложбата, а посетителите се качувале на балконот на факелот за да ја гледат изложбата подобро. По завршувањето на изложбата, раката била транспортирана во Њујорк, каде што се наоѓала неколку години пред да биде вратена во Франција за да се приклучи на остатокот од статуата[36].

За време на своето второ патување во САД, Бартолди им се обратил на неколку групи за проектот и побарал формирање на американски комитети на Француско-американската унија[37]. Комисии за собирање пари за пиедесталот биле формирани во Њујорк, Бостон и Филаделфија. [38]. Групата од Њујорк на крајот го презел поголемиот дел од одговорноста за американското прибирање финансиски средства и често се нарекувал Американски комитет[39]. Еден од неговите членови бил 19-годишниот Теодор Рузвелт, идниот гувернер на Њујорк и претседател на САД[37]. На 3 март 1877 година, во неговиот последен целосен мандат, претседателот Грант потпишал заедничка резолуција со која го овластил претседателот да ја прифати статуата кога била презентирана од Франција и да избере место за тоа. Претседателот Ратерфорд Б. Хејс, кој ја презел функцијата следниот ден, го избрал местото на островот Бедло, место кое било предложено од самиот Бартолди [40].

Изградба во Паризуреди

Главата на статуата, 1878

Кога се вратил во Париз во 1877 година, Бартолди се концентрирал на завршувањето на главата, која била изложена на Саемот во Париз во 1878 година. Продолжил со прибирање финансиски средства, со модели на статуата пуштени во продажба. Исто така биле понудени и билети за да се видат градежните активности на работилницата Gaget, Gauthier & Co[41]. Француската влада одобрила лотарија и меѓу наградите биле вредни сребрени плочи и теракотни модели на статуата. До крајот на 1879 година биле соберени околу 250.000 франци [42].

Главата и раката биле изградени со помош од Ежен Виоле ле Дик, кој се разболел во 1879 година. Наскоро починал, не оставајќи никакви индикации за тоа како тој ја гледал поврзаноста на бакарните обвивки со армираниот столб[43]. Следната година, Бартолди успеал да ги добие услугите на иновативниот дизајнер и градител Густав Ајфел[41]. Ајфел и неговиот инженер за градежништво, Морис Кохлин, одлучиле да се откажат од столбот и наместо тоа да изградат кула со метален столб. Ајфел одлучил да не користи сосема цврста конструкција. На средниот столб бил прикачен секундарна конструкција за да се овозможи статуата малку да се помести под дејство на ветровите на пристаништето во Њујорк. Дизајнот на Ајфел ја направил статуата една од најраните примери на конструкција на завеса, во кој надворешноста на конструкцијата не е носива, туку е поддржана од внатрешна рамка. Тој вклучил две внатрешни спирални скалила, за да им олесни на посетителите да стигнат до точка на набљудување во круната[44].

Пристапот до платформата за набљудување околу факелот исто така бил обезбеден, но малите размери на раката дало можност зза изградба на само една скала, долга 12 метри[45]. При изградбата на главниот столб, Ајфел и Бартолди ја координирале нивната работа внимателно, за да завршените сегменти на обвивката точно се вклопат во потпорната структура[46]. Компонентите на кулата биле изградени во фабриката Ајфел[47].

Промената на структурниот материјал од ѕидарство на железо му дозволило на Бартолди да ги промени плановите за расклопување на статуата. Тој првично имал намера да ја расклопи на лице место, но наместо тоа, тој одлучил да ја изгради статуата во Франција и да ја расклопи и транспортира во Соединетите Американски Држави за да се изврши монтажа на островот Бедлоу[48]. Откако Бартолди завршил со составувањето на деловите на статуата во Париз во 1885 година ја испратил кон Америка во точно 241 кутија.

Поставувањеуреди

Церемонијата се одржала во попладневните часови на 28 октомври 1886 година. Претседателот Гровер Кливленд, поранешен гувернер на Њујорк, претседаваал со настанот[49]. Утрото пред церемонијата се одржала парада во Њујорк. Проценките за бројот на луѓе кои го гледале настанот се движи од неколку стотици илјади до еден милион. Претседателот Кливленд ја предводел поворката, генерал Стоун бил големиот маршал на парадата. Трасата започнала на плоштадот Медисон и продолжила кон Батери, на јужниот врв на Менхетен преку Петтата авенија и Бродвеј, со мало заобиколување. Додека парадата ја поминувала Њујоршката берза, трговците фрлале ленти од прозорците, започнувајќи ја њујоршката традиција на паради со конфети[50]. Претседателот до островот бил пренесен со јахта. Церемонијата започнала со говори на Фердинанд де Лесепс, претседателот и Бартолди, по кое Статуата на слободата официјално била пуштена.

За време на церемониите, на островот не било дозволено да присуствува ниту еден член на пошироката јавност. Единствените жени кои добиле пристап биле сопругата на Бартолди и внуката на Де Лесепс.

Статуата денесуреди

Статуата секоја година е посетена од околу 3,5 милиони луѓе, но малку кој се осмелува да се качи на врвот. После нападите врз САД од 11 септември 2001 качувањето за посетителите било забрането, но после некое време повторно било овозможено. Самата статуа е висока 46 метри, но гледана во целост, од земјата до факелот висината изнесува 93 метри додека тежи 204 тони. Дизајнот и конструкцијата на Статуата на Слободата се сметаат за најголемите технолошки достигнувања на 19 век. Таа се наоѓа на самиот раб помеѓу уметноста и инженерството.

Во 1984 година, споменикот станал дел од културното наследство на УНЕСКО.

Во културатауреди

  • „Статуа на Слободата“ (англиски: Statue of Liberty) - песна на американската Хардкор панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[51]
  • „Статуа на Слободата“ (англиски: Statue of Liberty) — песна на американската рок-група XTC од 1978 година.[52]

Наводиуреди

  1. „Statue of Liberty National Monument“. National Park Service. 2007-12-31. Посетено на 2008-07-24.
  2. Hernandez, Javier C. (July 5, 2008). „U.S. to Study Access to Liberty's Crown“. The New York Times. Посетено на 2010-08-02.
  3. National Park Service (1994). National Register of Historic Places, 1966-1994: Cumulative List Through January 1, 1994. Washington DC: National Park Service. стр. 502. ISBN 0891332545.
  4. „National Monument Proclamations under the Antiquities Act“. National Park Service. 2003-01-16. Архивирано од изворникот на 2011-10-25. Посетено на 2009-08-01.
  5. „Statue of Liberty National Monument“ (PDF). New York City Landmarks Preservation Commission. September 14, 1976. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-11. Посетено на 2010-07-19.
  6. Harris, 1985 & 7
  7. Harris, 1985 & 7 – 8
  8. 8,0 8,1 Harris, 1985 & 8 – 9
  9. Khan, 2010 & 60 – 61
  10. 10,0 10,1 Moreno, 2000 & 39 – 40
  11. Harris, 1985 & 12 – 13
  12. Khan, 2010 & 102 – 103
  13. Harris, 1985 & 16 – 17
  14. 14,0 14,1 Khan, 2010 & 85
  15. Harris, 1985 & 10 – 11
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 Sutherland, 2003 & 17 – 19
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 Bodnar, 2006 & 212 – 214
  18. 18,0 18,1 Khan, 2010 & 96 – 97
  19. 19,0 19,1 Khan, 2010 & 105 – 108
  20. Blume 2004
  21. United States Mint 2010
  22. Moreno, 2000 & 52 – 53, 55, 87
  23. Bartholdi, 1885 & 42
  24. Khan, 2010 & 108 – 111
  25. National Park Service 2010
  26. Khan & 2010 120
  27. Khan 2010, стр. 121.
  28. 28,0 28,1 28,2 Khan 2010, стр. 123–125.
  29. 29,0 29,1 Harris 1985, стр. 44–45.
  30. „News of Norway“. 1999. Архивирано од изворникот на September 16, 2011. Посетено на July 29, 2010.
  31. „Answers about the Statue of Liberty, Part 2“. The New York Times. July 2, 2009. Посетено на October 12, 2011.
  32. Sutherland 2003, стр. 36.
  33. Khan 2010, стр. 126–128.
  34. Bell & Abrams 1984, стр. 25.
  35. Bell & Abrams 1984, стр. 26.
  36. Harris 1985, стр. 49.
  37. 37,0 37,1 Khan 2010, стр. 134.
  38. Bell & Abrams 1984, стр. 30.
  39. Moreno 2000, стр. 94.
  40. Khan 2010, стр. 135.
  41. 41,0 41,1 Khan 2010, стр. 137.
  42. Bell & Abrams 1984, стр. 32.
  43. Khan 2010, стр. 136–137.
  44. Harris 1985, стр. 33.
  45. Harris 1985, стр. 32.
  46. Harris 1985, стр. 34.
  47. „La tour a vu le jour à Levallois“. Le Parisien (француски). April 30, 2004. Посетено на December 8, 2012.
  48. Khan 2010, стр. 144.
  49. Khan 2010, стр. 176.
  50. Khan 2010, стр. 177–178.
  51. YouTube, Descendents - Milo Goes to College (Full Album)(пристапено на 31.5.2017)
  52. XTC – White Music (пристапено на 15.12.2023)

Надворешни врскиуреди

Викицитат има збирка цитати поврзани со:
🔥 Top keywords: Главна страницаВирусСпецијална:БарајМакедонски претседателски избори (2024)Еврејски празнициМакедонски парламентарни избори (2024)МакедонијаGmailМакедонски парламентарни избори (2020)Робинзон КрусоАнгкор ВатКарлес ПуџдемонБратиславаОче нашГоце ДелчевСкопјеЛетно сметање на времетоХепатит ЦСписок на македонски народни поговоркиАнтичка МакедонијаМочуриштеБалканска приказна (ТВ-серија)Бор (град)Локални избори во Македонија (2021)Народна Република КинаИзборна единица 5Мирко ПоповСвети Кирил и МетодијИзборни единици во МакедонијаХристијанизација на Киевска РусијаКамбоџаМинистерство за животна средина и просторно планирањеДевојка со бисерна обеткаИзборна единица 1Гај Јулиј ЦезарКалендар на Велигденски датумиКочо РацинМајка ТерезаИзборна единица 2ПеперугиВојскаБитолаИзборна единица 3Скратеници во македонскиот јазикВелигденФК Манчестер СитиСпоменка (книга)ЕвропаСјогренов синдромЛехово (Леринско)Џ. Р. Р. ТолкинЗагребСкржавецот (Плавт)Википедија:Авторски праваМакедонци-муслиманиДаниел ДефоЖивко МукаетовАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаШтрковиРимска уметностМакедонскиСтар ЕгипетЛионел МесиСписок на повикувачки броеви на земјитеСписок на планини во МакедонијаГригор ПрличевДемократска партија на Турците на МакедонијаГеографија на МакедонијаТартифСредоземно МореДржавни празници во МакедонијаИлинденско востаниеАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЕгипетИзборна единица 4КошаркаМакедонска револуционерна организацијаЛазар Ристовски (глумец)Даме ГруевПодметИзборна единица 6Алиса во земјата на чудатаМодул:ArgumentsСмртност на доенчињаПрво заседание на АСНОМГолеми и мали (роман)ИменкаСписок на градови во МакедонијаБалтиморРак на белите дробовиСтругаМојот звукОпштини во МакедонијаИзбори во МакедонијаЕлена ЗагорскајаИнфективна мононуклеозаВардарПиреј (роман)Јане Сандански