Нобелова награда за литература

Нобелова награда за литература (шведски: Nobelpriset i litteratur) — награда која се доделува секоја година, почнувајќи од 1901 на автор од некоја земја, кој, според зборовите на Алфред Нобел од неговиот тестамент, го има напишано „најзначајното дело со идеалистички тенденции“ (во оригинал на шведски: den som inom litteraturen har producerat det utmärktaste i idealisk riktning).[1][2] „Делото“ во овој случај се однесува на авторовиот опус, иако понекогаш се цитираат и поединечни дела. Шведската академија одлучува кој, доколку и воопшто има некој, ќе ја прими наградата во соодветната година, а неговото име го објавува во почетокот на октомври.[3]

Нобелова награда за литература
Мрежно местоhttps://www.nobelprize.org/prizes/literature/ Уреди на Википодатоците


Рене-Франсоа-Арман Придом (1839–1907), француски поет и есеист е првиот добитник на Нобеловата награда за литература во 1901 година.

Изборот на Нобел да го вметне зборот „идеалистичко“ или „идеално“ (во македонски превод) како основен критериум при одбирањето на лауреатите е причина за многу контроверзии и несогласувања. (шведскиот збор idealisk може да се преведе и како „идеалистички“ и како „идеален“.[2]) Во почетокот на дваесеттиот век, Одборот за доделување на наградата се осврнува кон првото значење на зборот, и ова е единствената причина што автори од типот на Лав Толстој и Хенрик Ибзен не ја добиле Нобеловата награда. Сепак, во последно време, зборот е сфатен во многу послободното значење, па Нобеловата награда за литература се доделува и на писатели чии дела се од големо значење, но и на такви кои се залагаат за почитување на човековите права; вторава причина, за некои луѓе, е причина да се додаде и политичка конотација на наградите.[2][4]

Крунскиот момент во текот на церемонијата по повод доделувањето на наградата во Стокхолм е кога лауреатот истапува за да ја прими наградата од Неговото Височество - Кралот на Шведска. ... Пред очите на целиот свет, Нобеловиот лауреат прима три нешта: диплома, медал и документ кој го потврдува износот на наградата“.[1]

Во последниве години, Шведската академија е на удар на многу критичари. Некои сметаат дека многу светски познати автори не само што не ја добиле, туку и не биле номинирани за наградата, а според други, дел од лауреатите воопшто и не ја заслужуваат. Многу контроверзности се испреплетени и околу политичката димензија на процесот за номинирање и изборот на последните лауреати.[4]

Процедура на номинирањеуреди

Секоја година, Шведската академија испраќа барања за номинации за Нобеловата награда за литература. Членовите на академијата, членови на литературни академии и друштва, професори по јазик и литература, поранешни Нобелови лауреати, како и претседатели на друштва на писатели - сите тие имаат право да номинираат свој кандидат. Сепак, не е дозволено некој да се номинира себеси.[5]

Илјадници барања се пуштаат секоја година, но одвај педесетина номинации се вратени. Овие предлози, академијата ги прима до 1 февруари, по што Одборот почнува да ги разгледува. До април, академијата го стеснува кругот на дваесетина кандидати, а до почетокот на летото, остануваат петмина. Останатите месеци се разгледуваат делата на можните добитници. Во октомври, членовите на академијата гласаат и оној кандидат што ќе добие повеќе од половина од гласовите, е идниот лауреат. Во основа, процесот е ист како и при доделувањето на останатите награди.[6] Номинациите и предлозите, во принцип, се чуваат во тајност педесет години, но некои од нив, ги откриваат (или тврдат дека ги знаат) медиумите.[7]

Вредноста на наградата варира, но денес изнесува точно 10 милиони шведски круни.[8] Добитникот на наградата добива и златен медал и диплома, како и покана да одржи говор во текот на „Неделата на Нобел“ во Стокхолм. Церемонијата на доделувањето и банкетот се одржуваат на 10 декември.[9]

Заборавени автори и контроверзииуреди

Нобеловата награда за литература има долга историја на контроверзии. Така, од 1901 до 1912 година, комитетот го дефинира барањето на Нобел во неговиот тестамент како желба да се награди делото што зрачи со „длабок и цврст идеализам“, поради што Лав Толстој, Хенрик Ибзен, Емил Зола и Марк Твен никогаш нема да се закитат со признанието.[10] Во текот на Првата светска војна и непосредно по нејзиниот завршеток, комитетот негува политика на неутралност, доделувајќи им награди на писатели од земји што не учествувале во војната.[10]

Се смета дека лошо изработениот (иако добро продаван) превод на В. Х. Одн на книгата Vägmärken („Обележја“) на лауреатот за мир од 1961 година Даг Хамарскјелд, придружен од неколку реченици на Одн за време на едно негово предавање во Скандинавија, според кои Хамарскјелд бил хомосексуалец (исто како и поетот), му ги одзеле шансите на Одн за добивање на наградата.[11]

Добитникот на наградата за 1970 година, Александар Солженицин, не присуствува на нејзиното доделување од страв дека СССР би го спречила неговото враќање (неговите дела таму циркулираат илегално, во облик на самиздати). Откако шведската влада одбива да го почести Солженицин со јавна церемонија во московската амбасада, рускиот писател ја одбива наградата, коментирајќи дека условите поставени од Швеѓаните (кои претпочитале посуптилна атмосфера) се „навреда за самата Нобелова награда“. Солженицин не ја прифаќа ниту наградата, ниту паричниот фонд, сè до 10 декември 1974 година, односно дури откако е протеран од Советскиот Сојуз.[12]

Во 1974 година, Греам Грин, Владимир Набоков и Сол Белоу се номинирани, но не и наградени, на сметка на заедничките лауреати Ејвинд Џонсон и Хари Мартинсон, и двајцата и самите членови на одборот. Белоу ќе ја добие Нобеловата награда во 1976; ниту Грин, ниту Набоков нема да бидат наградени до крајот на нивните животи.[13]

Хорхе Луис Борхес бил исто така неколкупати номиниран за Нобеловата награда, но според Борхесовиот биограф Едвин Вилијамсон, академијата не му ја доделила нему само поради неговата политичка дејност која, како што пишува во предговорот на Борхес: Живот, е комплексна од повеќе аспекти.[14] Шведската авторка за деца Астрид Линдгрен е исто така заборавена, според некои критичари поради тоа што академијата не покажува доволно почит кон литературата за деца.[15]

Наградата за Дарио Фо во 1997 година на почетокот се смета за „доста несериозна“ од некои критичари, зашто на Фо, пред сѐ, се гледа како на глумец и изведувач, и поради тоа што самиот тој е претходно цензуриран од Римокатоличката црква.[16] Салман Ружди и Артур Милер често се меѓу фаворитите за добивање на наградата, но Нобеловиот одбор, нивните дела ги дефинира како „премногу предвидливи, премногу популарни“.[17]

Академијата е исто така критикувана поради тоа што одбива да го поддржи Салман Ружди во 1989 година, кога ајатолахот Хомеини издава фатва во која наредува убиство на писателот; двајца членови на академијата, се откажуваат од членството, по нејзиното одбивање да го поддржи Ружди.[18][19]

Изборот на добитникот за 2004, Елфриде Јелинек, наидува на протест од страна на еден виден член на академијата, Кнут Алунд, кој активно не учествува во нејзината работа од 1996; Алунд се откажува од членството, велејќи дека избирањето на Јелинек предизвикува „непоправлива штета“ за угледот на наградата.[18][19]

Конечниот избор на блискиот пријател на Ружди, Харолд Пинтер, за наградата во 2005 година, е одолговлечено за неколку дена, веројатно токму поради отказот на Алунд, но ова предизвикува нови контроверзии околу „политичката димензија“ на наградата на Шведската академија.[4] Проблемот со „политичката исправност“ продолжува и во наредните две години, поради доделувањето на наградата на Орхан Памук и Дорис Лесинг.[20]

Уште неколку големи писатели кои биле номинирани но (за многумина незаслужено) не ја добиле Нобеловата награда се кријат во имињата на Бертолт Брехт, Антон Чехов, Олдус Хаксли, Џејмс Џојс, Роберт Фрост, Марсел Пруст, Ана Ахматова, Марина Цветаева и Вирџинија Вулф.

Список на досегашни лауреатиуреди

Табелата ги прикажува имињата на добитниците, како и јазикот на кои истите пишувале (што значи истиот се однесува на јазикот на кој се напишани нивните дела). (Извор: Нобеловата фондација.)

ГодинаИмеНационалностЈазик
1901Сили Придом  Францијафранцуски
1902Теодор Момзен  Германијагермански
1903Бјернстјерне Бјернсон  Норвешканорвешки
1904*Фредерик Мистрал  Францијаокситански
1904*Хосе Ечегарај  Шпанијашпански
1905Хенрик Шенкевич Полскаполски
1906Џозуе Кардучи  Италијаиталијански
1907Радјард Киплинг Индија
Обединето Кралство
англиски
1908Рудолф Криштоф Ојкен  Германијагермански
1909Селма Лагерлеф  Шведскашведски
1910Паул Јохан Лудвиг фон Хајзе  Германијагермански
1911Морис Метерлинк  Белгијафранцуски
1912Герхарт Хауптман  Германијагермански
1913Рабиндранат Тагоре Индијабенгалски
1914не е доделена  
1915Ромен Ролан  Францијафранцуски
1916Вернер фон Хејденстам  Шведскашведски
1917*Карл Адолф Гјелеруп  Данскадански
1917*Хенрик Понтопидан  Данскадански
1918не е доделена  
1919Карл Шпителер  Швајцаријагермански
1920Кнут Хамсун  Норвешканорвешки
1921Анатол Франс  Францијафранцуски
1922Хасинто Бенавенте  Шпанијашпански
1923Вилијам Батлер Јејтс  Ирскаанглиски
1924Владислав Рејмонт  Полскаполски
1925Џорџ Бернард Шо  Ирскаанглиски
1926Грација Деледа  Италијаиталијански
1927Анри Бергсон  Францијафранцуски
1928Зигрид Ундсет  Норвешканорвешки
1929Томас Ман  Германијагермански
1930Синклер Луис  САДанглиски
1931Ерик Аксел Карлфелт  Шведскашведски
1932Џон Голсворди Обединето Кралствоанглиски
1933Иван Бунин СССР (во егзил)руски
1934Лујџи Пирандело  Италијаиталијански
1935не е доделена  
1936Јуџин Онил  САДанглиски
1937Роже Мартен ди Гар  Францијафранцуски
1938Перл Бак  САДанглиски
1939Франс Емил Силанпе  Финскафински
1940не е доделена  
1941не е доделена  
1942не е доделена  
1943не е доделена  
1944Јоханес Вилхелм Јенсен  Данскадански
1945Габриела Мистрал  Чилешпански
1946Херман Хесе  Германија[21]
 Швајцарија (од 1923 година)[21]
германски
1947Андре Жид  Францијафранцуски
1948Т. С. Елиот  САД[22]
Обединето Кралство (од 1927 година)[22]
англиски
1949Вилијам Фокнер  САДанглиски
1950Бертранд Расел Обединето Кралствоанглиски
1951Пер Лагерквист  Шведскашведски
1952Франсоа Моријак  Францијафранцуски
1953Винстон Черчил Обединето Кралствоанглиски
1954Ернест Хемингвеј  САДанглиски
1955Халдор Лакснес  Исландисландски
1956Хуан Рамон Хименес  Шпанијашпански
1957Албер Ками  Францијафранцуски
1958Борис Пастернак (ја одбива наградата)[1] Архивирано на 8 јануари 2009 г. СССРруски
1959Салваторе Квазимодо  Италијаиталијански
1960Сен-Џон Перс  Францијафранцуски
1961Иво Андриќ СФР Југославијасрпскохрватски
1962Џон Стајнбек  САДанглиски
1963Јоргос Сеферис  Грцијагрчки
1964Жан-Пол Сартр (ја одбива наградата)[2][мртва врска]  Францијафранцуски
1965Михаил Шолохов СССРруски
1966*Шмуел Јозеф Агнон Израелхебрејски
1966*Нели Закс  Германија[23][24]
 Шведска (од 1952 година) [23]
германски
1967Мигел Анхел Астуријас Гватемалашпански
1968Јасунари Кавабата Јапонијајапонски
1969Семјуел Бекет  Ирскаанглиски/француски
1970Александар Солженицин СССРруски
1971Пабло Неруда  Чилешпански
1972Хајнрих Бел  Германијагермански
1973Патрик Вајт Австралијаанглиски
1974*Ејвинд Јонсон  Шведскашведски
1974*Хари Мартинсон  Шведскашведски
1975Еуџенио Монтале  Италијаиталијански
1976Сол Белоу  Канада[25]
 САД (од 1941 година)[26]
англиски
1977Висенте Алехандре  Шпанијашпански
1978Исак Башевис Сингер  Полска[27]
 САД (од 1943 година)[27]
хебрејски
1979Одисеас Елитис  Грцијагрчки
1980Чеслав Милош  Полска
 САД (од 1970 година) [28]
 Литванија (од 1992 година; почесно)[29]
полски
1981Елијас Канети Обединето Кралство[30]германски
1982Габриел Гарсија Маркез  Колумбијашпански
1983Вилијам Голдинг Обединето Кралствоанглиски
1984Јарослав Сајферт Чехословачкачешки
1985Клод Симон  Францијафранцуски
1986Воле Шојинка Нигеријаанглиски
1987Јосиф Бродски СССР [31]
 САД (од 1977 година) [31]
руски/англиски
1988Нагиб Махфуз Египетарапски
1989Камило Хосе Села  Шпанијашпански
1990Октавио Паз  Мексикошпански
1991Надин Гордимер ЈАРанглиски
1992Дерек Волкот Света Луцијаанглиски
1993Тони Морисон  САДанглиски
1994Кензабуро Ое Јапонијајапонски
1995Шејмус Хини  Ирска[32][33]англиски
1996Вислава Шимборска  Полскаполски
1997Дарио Фо  Италијаиталијански
1998Жозе Сарамаго  Португалијапортугалски
1999Гинтер Грас  Германијагермански
2000Гао Сјингѓен НР Кина[34][35]
 Франција (од 1998 година)[35]
кинески
2001Видјадар Сураџпрасад Најпол  Тринидад и Тобаго [36]
Обединето Кралство
англиски
2002Имре Кертес  Унгаријаунгарски
2003Џон Максвел Куци ЈАР
Австралија (од 2006 година) [37]
англиски
2004Елфриде Јелинек  Австријагермански
2005Харолд Пинтер Обединето Кралствоанглиски
2006Орхан Памук  Турцијатурски
2007Дорис Лесинг Обединето Кралствоанглиски
2008Жан Мари Гистав Ле Клезио  Францијафранцуски
2009Херта Милер  Германијагермански
2010Марио Варгас Љоса  Перушпански
2011Томас Транстремер  Шведскашведски
2012Мо Јен НР Кинакинески
2013Алис Манро  Канадаанглиски
2014Патрик Модијано  Францијафранцуски
2015Светлана Алексиевич  Белорусијаруски
2016Боб Дилан  САДанглиски
2017Казуо Ишигуро Обединето Кралствоанглиски
2018Олга Токарчук  Полскаполски
2019Петер Хандке  Австријагермански
2020Луиз Глик  САДанглиски
2021Абдулразак Гурнах Танзанија, Обединето Кралствоанглиски
2022Ани Ерно  Францијафранцуски

* Години во кои има повеќе од еден лауреат.

Најнаградени јазициуреди

Пишан
јазик
Лауреати
англиски29
француски16
германски14
шпански11
италијански6
шведски7
руски6
полски5
дански3
норвешки3
грчки2
јапонски2
хебрејски2
кинески2
арапски1
бенгалски1
чешки1
фински1
унгарски1
исландски1
окситански1
португалски1
српскохрватски1
турски1

Земји со најмногу лауреатиуреди

Лауреатите со двојно државјанство се избројани за секоја држава по еднаш. На пример: Т. С. Елиот се смета и за Американец и уште еднаш за Британец. Писателите во егзил се сметаат според нивната родна земја. Под Германија се подразбираат сите различни фази на нејзиниот развиток, вклучувајќи ги и двете Германии создадени по Втората светска војна.

ЗемјаЛауреати
 Франција14
Обединето Кралство11
 САД11
 Германија10
 Италија6
 Шведска8
СССР5
 Шпанија5
 Полска5
 Ирска4
 Данска3
 Норвешка3
 Чиле2
 Грција2
Индија2
Јапонија2
ЈАР2
 Швајцарија2
НР Кина2
 Австрија2
Австралија1
 Белгија1
 Канада1
 Колумбија1
 Чешка1
Египет1
 Финска1
Гватемала1
 Унгарија1
 Исланд1
Израел1
 Мексико1
Нигерија1
 Португалија1
Света Луција1
 Тринидад и Тобаго1
 Турција1
СФР Југославија1
 Перу1

Поврзаноуреди

Наводиуреди

  1. 1,0 1,1 „Нобеловата награда за литература“. nobelprize.org.
  2. 2,0 2,1 2,2 Џон Сатерленд (13 октомври 2007). „Мастило и плунка“. Guardian Unlimited Books (англиски). The Guardian. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Нобеловата награда за литература“. Шведска академија. Архивирано од изворникот на 2008-02-01. Посетено на 2008-01-31.
  4. 4,0 4,1 4,2 Нил Смит (13 октомври 2007). „Политичка заднина на наградата за Пинтер?“ (англиски). BBC News. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. „Номинации за Нобеловата награда за литература“. nobelprize.org.
  6. „Номинации и избирање на добитниците на Нобеловата награда за литература“. nobelprize.org. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 2008-01-31.
  7. Списоци со номинантите често се наоѓаат во дневните публикации.
  8. „Вредноста на Нобеловата награда“. nobelprize.org.
  9. „Церемонии по повод доделувањето на Нобеловата награда“. nobelprize.org.
  10. 10,0 10,1 Кјел Еспмарк (3 декември 1999). „Нобелова награда за литература“. Nobelprize.org. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. Харолд Орланс, „Егоистичен превод: Зошто В. Х. Одн погрешно ги протолкува 'Обележја' при преведувањето на англиски?“, Heldref Publications, 2000.
  12. Стиг Фредриксон, „Како му помогнав на Александар Солженицин да го прошверцува неговиот говор за Нобел од СССР Архивирано на 9 јануари 2010 г.“, nobelprize.org, 22 февруари 2006.
  13. „Повик кон Нобел: 100 години контроверзии“. The Independent (англиски). 14 октомври 2005. Архивирано од изворникот на 2007-12-24. Посетено на 2008-01-31. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  14. Колм Тојбин. „Не ме напуштај“. London Review of Books. Архивирано од изворникот на 2009-04-18.
  15. „Пипи Долгиот Чорап предизвика хаос на балетот“. The Local (англиски). 13 мај 2005. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  16. Џули Керол,„ 'Папата и Вештерката' предизвика протести кај католиците“ Архивирано на 14 февруари 2009 г., Католички дух, 27 февруари 2007.
  17. „Нобел го одби лево-ориентираниот шегаџија“, The Times, 10 октомври 1997.
  18. 18,0 18,1 „Нобелови судии отстапија во знак на протест“. BBC News Online. BBC. 11 октомври 2005. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  19. 19,0 19,1 Associated Press, „Кој ја заслужува Нобеловата награда? Судиите не се согласни“ Архивирано на 27 ноември 2005 г., MSNBC 11 октомври 2005.
  20. Дан Келум, „Лесинговиот опус на политичка литература: Архивирано на 4 јуни 2011 г. The Nation: скептиците велат дека ова е нелитерарна победа, но академијата ја гледа нејзината визионерска моќ“, CBS News, од The Nation (колумна), 14 октомври 2007.
  21. 21,0 21,1 Херман Хесе (1946). „Херман Хесе: Нобеловата награда за литература во 1946“. nobelprize.org. Архивирано од изворникот на 2007-07-06. Посетено на 2008-01-31. Во 1923, се откажав од германското и земав швајцарско државјанство.
  22. 22,0 22,1 „Т.С. Елиот: Нобеловата награда во 1948: Биографија“. nobelprize.org. 1948. Томас Стернс Елиот (1888-1965) е роден во Сент Луис, Мисури... Во 1927, Елит станува британски државјанин и истовремено се приклучува на Англиканската црква.
  23. 23,0 23,1 „Биографија на Нели Закс“. Art Directory GmbH. Германската писателка и поетеса Нели Закс, чие родено име е Леони Закс, е родена во еврејско семејство на 10 декември 1891 во Берлин-Шенеберг. ... Поради страв од нацизмот, Нели и нејзината мајка емигрираат во Шведска во 1940. ... Во 1950 умира мајка ѝ на Нели. Две години подоцна, Закс се здобива со шведско државјанство.
  24. „Нели Закс“. Encyclopædia Britannica. Архивирано од изворникот на 2007-12-19. Посетено на 2008-01-31. Во 1940... бега во Шведска со помош на романописецот Селма Лагерлеф, со која се допишува и која посредува кај шведското кралско семејство во нејзино име.
  25. Мајкл Џ. Бандлер (7 април 2005). „Авторот Сол Белоу умре на 89: Нобеловиот лауреат го сметаа за еден од најголемите романописци на 20 век“. U.S. Department of State. Архивирано од изворникот на 2007-10-12. Посетено на 2008-01-31. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  26. Елинор и Роберт Слејтер, "Сол Белоу: Добитник на Нобелова награда за литература", Големи Евреи, Jonathan David Company, 1996, 41: "Белоу стана натурализиран американец во 1941."
  27. 27,0 27,1 „Исак Башевис Сингер: Биографија“. Harry Ransom Humanities Research Center на Универзитетот во Тексас. Архивирано од изворникот на 2007-12-31. Посетено на 2008-01-31.
  28. „Чеслав Милош“. Encyclopædia Britannica.
  29. „Чеслав Милош“. Калифорниски Универзитет. Архивирано од изворникот на 2008-02-16. Посетено на 2008-01-31.
  30. „Елијас Канети: Нобелова награда за литература во 1981: Curriculum Vitae“. nobelprize.org. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 2008-01-31. Роден е на 25 јули 1905 година, во Русе, Бугарија. Во 1952 година прима британско државјанство.
  31. 31,0 31,1 „Јосиф Бродски 1940–1996“. eNotes. Често нарекуван најдобриот поет на својата генерација, Бродски е роден и израстен во Советскиот Сојуз, а американски државјанин станува во 1977 година.
  32. „Шејмус Хини: Нобеловата награда за литература во 1995: Биографија“. nobelprize.org. 1995.
  33. „Шејмус Хини: Преживеа сѐ“.
  34. „Гао Сјингѓен: Нобеловата награда за литература во 2000: Биографија“. nobelprize.org. 2000.
  35. 35,0 35,1 „Гао Сјингѓен 1940-“. eNotes.
  36. „В. С. Најпол 1932-“. eNotes.
  37. „Џ. М. Куци станува австралиски државјанин“ Архивирано на 1 октомври 2007 г., Mail & Guardian, 6 март 2006.

Надворешни врскиуреди

Нобелова награда
Економија | Физика | Хемија | Физиологија или медицина | Мир | Литература
Статијата „Нобелова награда за литература“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).
🔥 Top keywords: Главна страницаВирусСпецијална:БарајМакедонски претседателски избори (2024)Еврејски празнициМакедонски парламентарни избори (2024)МакедонијаGmailМакедонски парламентарни избори (2020)Робинзон КрусоАнгкор ВатКарлес ПуџдемонБратиславаОче нашГоце ДелчевСкопјеЛетно сметање на времетоХепатит ЦСписок на македонски народни поговоркиАнтичка МакедонијаМочуриштеБалканска приказна (ТВ-серија)Бор (град)Локални избори во Македонија (2021)Народна Република КинаИзборна единица 5Мирко ПоповСвети Кирил и МетодијИзборни единици во МакедонијаХристијанизација на Киевска РусијаКамбоџаМинистерство за животна средина и просторно планирањеДевојка со бисерна обеткаИзборна единица 1Гај Јулиј ЦезарКалендар на Велигденски датумиКочо РацинМајка ТерезаИзборна единица 2ПеперугиВојскаБитолаИзборна единица 3Скратеници во македонскиот јазикВелигденФК Манчестер СитиСпоменка (книга)ЕвропаСјогренов синдромЛехово (Леринско)Џ. Р. Р. ТолкинЗагребСкржавецот (Плавт)Википедија:Авторски праваМакедонци-муслиманиДаниел ДефоЖивко МукаетовАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаШтрковиРимска уметностМакедонскиСтар ЕгипетЛионел МесиСписок на повикувачки броеви на земјитеСписок на планини во МакедонијаГригор ПрличевДемократска партија на Турците на МакедонијаГеографија на МакедонијаТартифСредоземно МореДржавни празници во МакедонијаИлинденско востаниеАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЕгипетИзборна единица 4КошаркаМакедонска револуционерна организацијаЛазар Ристовски (глумец)Даме ГруевПодметИзборна единица 6Алиса во земјата на чудатаМодул:ArgumentsСмртност на доенчињаПрво заседание на АСНОМГолеми и мали (роман)ИменкаСписок на градови во МакедонијаБалтиморРак на белите дробовиСтругаМојот звукОпштини во МакедонијаИзбори во МакедонијаЕлена ЗагорскајаИнфективна мононуклеозаВардарПиреј (роман)Јане Сандански