Дишење

Дишењето претставува физиолошки процес кој се состои во размена на гасовите меѓу живите организми и надворешната средина преку аеренхимот и листот (кај растенијата) и белите дробови, жабрите и трахеите (кај животните), при што доаѓа до наполно разградување на органските материи до неоргански.

Магнетна резонанција на човечки граден кош, снимена со дишење

Дишење постои и на ниво на клетката - клеточно дишење. Ниедна клетка не може да опстане без кислород. Во ова дишење учествуваат редица биохемиски реакции кои се одвиваат во присуство на кислород при што се ослободува хемиска енергија од сложените органски соединенија. Краен резултат од клеточното дишење е ослободување на енергија во вид на аденозин трифосфат (ATP).

Постојат два видови на дишење: аеробно - кое се одвива во присуство на кислород (како клеточното дишење опишано погоре) и анаеробно - кое се одвива во отсуство на кислород. Во најголем број живи организми се присутни и двата вида на дишење. Сепак, организмите кои дишат само аеробно се аероби, додека оние кои дишат анаеробно се анаероби (првенствено анаеробни бактерии).

Единствено (аеробно - анаеробно) дишењеуреди

При разградувањето на гликозата (процес познат како гликолиза), првиот дел од овој процес се одвива анаеробно и завршува со добивање пирогроздова и млечна киселина. Понатамошното разградување на овие меѓупроизводи протекува во аеробни услови - во присуство на кислород. Оваа фаза се одвива во митохондриите на клетките, односно преку вклучување во Кребсовиот циклус. Крајни производи од овој циклус се јаглерод диоксид и вода. Притоа се ослободува голема количина енергија. Дел од оваа енергија се користи за синтеза на високоенергетски соединенија, како што е ATP. Процесот на разградување на гликозата може да се претстави со оваа хемиска равенка:

C6H12O6 + 6H2O → 6CO2 + 6H2O + Енергија

Најсложен систем за дишење има кај цицачите.Кај нив органи за дишење се белите дробови и воздушните патишта.Системот на органите за дишење започнува со носот каде има влакненца кои ја задржуваат нечистотијата и затоа треба да се диши на нос а не на уста.Продолжува со голтката,па гркланот,следува душникот и двете негови гранки-лева и десна бронхолија.Тие пак се разгрануваат во бронхиоли и завршуваат со алвеоли.Алвеолите се опкружени со мрежа од капилари во кои струи крв и при тоа се испушта јаглерод диоксид и водена пареа а се прима кислород.

Душникот е канал изграден од рскавици во облик на потковица, чии краеви на задната страна се поврзани со сврзно ткиво кое му дава можност на душникот да се шири и собира. Во долниот дел душникот се разгранува на две гранки - душнички гранки.Душничките гранки штом навлезат во белодробните крила се разгрануваат во поситни гранки - бронхии, па бронхиоли кои завршуваат со воздушни ќесиња изградени од меурчиња - алвеоли. Алвеолите се изградени од еден ред епителни клетки обвиткани со крвни капилари. Во нив се врши размена на гасовите. Кислородот од алвеолите поминува во крвните капилари и со крвотокот се разнесува до сите клетки. А јаглерод диоксид од клетките влегува во венските капилари кои преку крвните садови - вени, се враќа во белите дробови и преку алвеолите и дишните патишта се исфрла надвор. Полнењето и празнењето на белите дробови е потпомогнато од дијафрагмата и меѓуребрените мускули .

Органи за дишење и начин на дишење на животните во животната срединауреди

Во водната средина живеат голем број праживотни. Сите животни немаат посебни органи за дишење. Некои се приспособени да го примаат кислородот од средината по дифузен пат преку целата површина на телото. Тоа се едноклеточните животни.

  • Црвите немаат органи за дишење, но тие дишат преку влажната кожа.
  • Водните мекотели, раковите и иглокожните животни дишат со жабри.
  • Кај ракот жабрите се наоѓаат во основата на нозете, а кај мекотелите во телесната празнина.
  • Рибите дишат така што ја отвораат устата преку која влегува вода и ги облива жабрите. Тогаш во крвните капилари настанува размена на кислородот и јаглениот диоксид (кислородот влегува во крвта, а јаглеродниот диоксид излегува). Со подигање на жабрените капаци се исфрлаат надвор СО2 и водата.
  • Кај водоземците телото е покриено со набрана растеглива кожа, секогаш влажна и лигава, богата со крвни капилари низ кои кислородот од водата влегува во телото.

Од безрбетните животни инсектите се најбројната група која живее на копно и во воздух. Покрај другите приспособувања инсектите се приспособиле да дишат атмосферски воздух со трахеи. Трахеите се хитински цевчиња кои се создале од кожата и се разгрануваат во телото допирајќи до органите. Тие внесуваат кислород до клетките и ткивата. Трахеите имаат отвори (устенца) странично од телото кои постојано се отворени и низ нив влегува воздухот. Кога инсектите го издолжуваат мешето трахеите се полнат со воздух - вдишуваат, а кога го собираат мешето воздухот се истиснува-издишуваат.

  • Сите ’рбетници (освен рибите) дишат со бели дробови. Воздухот го примаат преку ноздрите и преку грлото и душникот оди во белите дробови.
  • Водоземците имаат најпросто градени бели дробови. Нивните белодробни крила наликуваат на два меури обвиткани со крвни капилари каде се врши размена на гасовите. Жабите дишат и преку влажната кожа.
  • Влекачите дишат само преку белите дробови. Кај нив белодробните крила се подобро развиени. Нивната кожа е сува и преку неа не се одвива дишењето.
  • Белите дробови на птиците имаат сунгереста градба и се изградени од многубројни воздушни каналчиња - бронхии околу кои има крвни капилари. Во бронхиите се врши дишењето. Посебен белег кај птиците се воздушните ќесиња коипреставуваат продолжеток на бронхиите и истите се протегаат низ шуплините меѓу органите, па дури влегуваат и во внатршноста на коските. Ваквите коски се наречени пневматични коски. Кога воздушните меури се полнат, птицата станува полесна и полетува.

Дишењето како мотив во уметноста и во популарната културауреди

  • „Две дишења“ — кус расказ на македонскиот писател Ацо Гогов.[1]
  • „Контрола на здивот II“ (англиски: Breath Control II) — песна на американската хип-хоп група Буги даун продакшнс (Boogie Down Productions) од 1990 година.[2]
  • „Дишење“ (англиски: Breathing) — песна на британската пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1980 година.[3]
  • „Диши“ (англиски: Breathe) — песна на американската рок-музичарка Марија Меки (Maria McKee) од 1989 година.[4]
  • „Запри го дишењето“ (англиски: Stop breathin) — албум на американската рок-група Пејвмент (Pavement) од 1994 година.[5]
  • „Диши“ (англиски: Breathe) — песна на британската рок-група Пинк флојд (Pink Floyd) од 1973 година.[6]
  • „Обиди се да не дишиш“ (англиски: Try Not To Breathe) — песна на американската рок-група Р.Е.М. (R.E.M.) од 1992 година.[7]
  • „Диши“ (англиски: Breathe) — песна на американската рок-група Џобокс (Jawbox) од 1994 година.[8]
  • „Дишење во мермер“ — филм на режисерот Гиедре Беинориуте од 2018 година.[9]

Наводиуреди

🔥 Top keywords: Главна страницаВирусСпецијална:БарајМакедонски претседателски избори (2024)Еврејски празнициМакедонски парламентарни избори (2024)МакедонијаGmailМакедонски парламентарни избори (2020)Робинзон КрусоАнгкор ВатКарлес ПуџдемонБратиславаОче нашГоце ДелчевСкопјеЛетно сметање на времетоХепатит ЦСписок на македонски народни поговоркиАнтичка МакедонијаМочуриштеБалканска приказна (ТВ-серија)Бор (град)Локални избори во Македонија (2021)Народна Република КинаИзборна единица 5Мирко ПоповСвети Кирил и МетодијИзборни единици во МакедонијаХристијанизација на Киевска РусијаКамбоџаМинистерство за животна средина и просторно планирањеДевојка со бисерна обеткаИзборна единица 1Гај Јулиј ЦезарКалендар на Велигденски датумиКочо РацинМајка ТерезаИзборна единица 2ПеперугиВојскаБитолаИзборна единица 3Скратеници во македонскиот јазикВелигденФК Манчестер СитиСпоменка (книга)ЕвропаСјогренов синдромЛехово (Леринско)Џ. Р. Р. ТолкинЗагребСкржавецот (Плавт)Википедија:Авторски праваМакедонци-муслиманиДаниел ДефоЖивко МукаетовАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаШтрковиРимска уметностМакедонскиСтар ЕгипетЛионел МесиСписок на повикувачки броеви на земјитеСписок на планини во МакедонијаГригор ПрличевДемократска партија на Турците на МакедонијаГеографија на МакедонијаТартифСредоземно МореДржавни празници во МакедонијаИлинденско востаниеАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЕгипетИзборна единица 4КошаркаМакедонска револуционерна организацијаЛазар Ристовски (глумец)Даме ГруевПодметИзборна единица 6Алиса во земјата на чудатаМодул:ArgumentsСмртност на доенчињаПрво заседание на АСНОМГолеми и мали (роман)ИменкаСписок на градови во МакедонијаБалтиморРак на белите дробовиСтругаМојот звукОпштини во МакедонијаИзбори во МакедонијаЕлена ЗагорскајаИнфективна мононуклеозаВардарПиреј (роман)Јане Сандански