Абрахам Ортелиј

фламански картограф

Абрахам Ортелиј (латински: Abraham Ortelius, холандски: Abraham Ortels или Abraham Hortels; 2 април 1527 - 28 јуни 1598) — картограф и географ, познат како прв којшто го изработил современиот атлас.

Абрахам Ортелиј

Животописуреди

Ортелиј е роден во Антверпен, денешна Белгија како член на влијателното семејство Ортелиј] од Аугсбург. Патувал низ цела Европа. Најзначајни се неговите патувања низ Германија (1560,1575-1576), низ Франција (1559-1560), низ Англија и Ирска (1576) и низ Италија (1578, но можеби и претходно двапати во 1550 и 1558).Се смета дека има патувано целосно низ сите Седумнаесет Покраини.

Со картографија Ортелиј започнал да се занимава во 1547 година,но тој бил и голем трговец и занаетчија,а за неговите патувања пред 1560 се смета дека се од стопански аспект. На едно патување со Гарард Меркатор во Трир, Лорен и Поатје на сугестија на својот пријател Ортелиј добил желба да се занимава со географија и особено со картографија,па го изработил првиот современ атлас „Театар на светот“ со којшто има стекнато светска слава.

Во 1575 тој бил географ на должност на шпанскиот крал Филип II на препорака на Аријас Монтанус. Во 1578 година тој го водел проектот за развој на географијата врз основа на онаа во антиката.Со оваа работа се занимавал и во 1587 и 1596 година, а творец е и на неколку дела кои биле отпечатени во Антверпен.

Географски картиуреди

Во 1564 г. Ортелиј го завршил проектот „карти на светот“ што всушност се 8 посебни географски карти на светот,коишто се сретнуваат и во „Театар на светот“. Денес значајни примероци од овие географски карти има во Базелскиот универзитет. Во 1565 Ортелиј нацртал и 2 листа со географски карти на Египет, во 1568 направил план на дворецот Бритенбург на брегот на Северно Море во Холандија. Во 1567 година нацртал и 8 географски карти на Азија и 6 географски карти на Шпанија. Сите овие карти Ортелиј ги има нацртано пред издавањето на неговиот атлас.

Театар на светотуреди

„Театар на светот“ (1570)

На 20 мај 1570 г. во Антверпен Жил Копонс де Дје го издал атласот изработен од Абрахам Ортелиј „Театар на светот“ (Theatrum Orbis Terrarum). Во атласот биле претставени 53 географски карти. Изданијата на холандски,француски и германски јазик се појавиле уште пред крајот на 1572, а пред смртта на Ортелиј во 1598 биле издадени 25 изданија. По неговата смрт биле издадени уште неколку, а атласот се побарувал до 1612 година. Атласот имал грешки коишто особено биле очигледни во обликот на Јужна Америка којшто ни најмалце не наликувал на вистинскиот, но тоа и уште неколку други грешки биле поправени во преаботеното издание на француски јазик од 1587. Пробната верзија на атласот содржела 38 карти на државите во Европа, како и на Азија, Африка, Тартарија и Египет прибрани во една целина од кои најмногу се испечатени во Рим,а 8 или 9 се во Белгија.За нивното печатење Абрахам Ортелиј добил помош од својот пријател Жил Хоофтман, велможа на Клејдел и Ертзелер.

Во 1573 година Ортелиј издал 17 посебни карти и ги прикажал како Додатоци на театарот на светот.Последната географска карта на Абрахам Ортелиј којашто е вметната како додаток е издадена во 1597.

Се занимавал и со собирање на монети, медалјони и старини.

Подоцнежни географски картиуреди

Тихиот Океан на карта на Ортелиј

Во 1579 тој започнал да црта карти со илустрации од античката историја.Во 1589 Ортелиј издал карти на Тихиот Океан во делото Тихи Океан(оригинал:Maris Pacifici).Тој му помогнал и на Веслер во издавањето на Пеутингерската страна(оригинал:Tabula Peutingeriana) во 1598 година.

Надворешни врскиуреди

🔥 Top keywords: Главна страницаВирусСпецијална:БарајМакедонски претседателски избори (2024)Еврејски празнициМакедонски парламентарни избори (2024)МакедонијаGmailМакедонски парламентарни избори (2020)Робинзон КрусоАнгкор ВатКарлес ПуџдемонБратиславаОче нашГоце ДелчевСкопјеЛетно сметање на времетоХепатит ЦСписок на македонски народни поговоркиАнтичка МакедонијаМочуриштеБалканска приказна (ТВ-серија)Бор (град)Локални избори во Македонија (2021)Народна Република КинаИзборна единица 5Мирко ПоповСвети Кирил и МетодијИзборни единици во МакедонијаХристијанизација на Киевска РусијаКамбоџаМинистерство за животна средина и просторно планирањеДевојка со бисерна обеткаИзборна единица 1Гај Јулиј ЦезарКалендар на Велигденски датумиКочо РацинМајка ТерезаИзборна единица 2ПеперугиВојскаБитолаИзборна единица 3Скратеници во македонскиот јазикВелигденФК Манчестер СитиСпоменка (книга)ЕвропаСјогренов синдромЛехово (Леринско)Џ. Р. Р. ТолкинЗагребСкржавецот (Плавт)Википедија:Авторски праваМакедонци-муслиманиДаниел ДефоЖивко МукаетовАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаШтрковиРимска уметностМакедонскиСтар ЕгипетЛионел МесиСписок на повикувачки броеви на земјитеСписок на планини во МакедонијаГригор ПрличевДемократска партија на Турците на МакедонијаГеографија на МакедонијаТартифСредоземно МореДржавни празници во МакедонијаИлинденско востаниеАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЕгипетИзборна единица 4КошаркаМакедонска револуционерна организацијаЛазар Ристовски (глумец)Даме ГруевПодметИзборна единица 6Алиса во земјата на чудатаМодул:ArgumentsСмртност на доенчињаПрво заседание на АСНОМГолеми и мали (роман)ИменкаСписок на градови во МакедонијаБалтиморРак на белите дробовиСтругаМојот звукОпштини во МакедонијаИзбори во МакедонијаЕлена ЗагорскајаИнфективна мононуклеозаВардарПиреј (роман)Јане Сандански