Јапонија

Јапонија (јапонски: 日本, Нипон или Нихон) — островска земја источно од азискиот континент на западниот раб од Тихиот Океан. Јапонија има население од 127.333.002 жители. Главен град на Јапонија е Токио.

Јапонија
日本国  (јапонски)
Nippon-koku или Nihon-koku
Знаме Царски печат
ХимнаKimigayo
"Нека твоето владеење трае засекогаш"

Владин печат
Печат на канцеларијата на Премиерот и Владата на Јапонија
Местоположбата на Јапонија (темнозелена)
Местоположбата на Јапонија (темнозелена)
Местоположбата на Јапонија (темнозелена)
Главен град
(и најголем)
Токио
35°41′N 139°46′E / 35.683° СГШ; 139.767° ИГД / 35.683; 139.767
Службен јазик Јапонски
Признаени регионални јазици ајнски, источнојапонско и западнојапонско наречје, рјукјуански и неколку други јапонски дијалекти
Национален јазик Јапонски
Народности 
Демоним Јапонец
Уредување Парламентарна уставна монархија
 •  Цар Нарухито
 •  Премиер Фумио Кишида
Законодавство Парламент
 •  Горен дом Дом на советници
 •  Долен дом Дом на претставници
Создавање
 •  Ден на основањето на нацијата 11 февруари, 660 п.н.е.3 
 •  Обнова на Мејџи 29 ноември 1890 
 •  Моментален устав 3 мај 1947 
 •  Договор од Сан Франциско 28 април 1952 
Површина
 •  Вкупна 377,975 км2 (62.)
 •  Вода (%) 1,4
Население
 •  проценка за 2022 г. 125,440,000 (11.)
 •  Попис 2020 126,226,568 
 •  Густина 332 жит/км2 (24.)
БДП (ПКМ) проценка за 2021 г.
 •  Вкупен $5.586 трилиони[2] (4.)
 •  По жител $44,585[2] (27.)
БДП (номинален) проценка за 2021 г.
 •  Вкупно $5.378 трилиони[2] (3.)
 •  По жител $42,928[2] (23.)
Џиниев коеф. (2018)33.4[3]
среден · 78.
ИЧР (2019) 0.919[4]
многу висок · 19.
Валута Јен (JPY)
Часовен појас JST (UTC+9)
Датумски формат гггг-мм-дд
Се вози на лево
НДД .jp
Повик. бр. +81
2. „World Factbook; Japan—Economy“. ЦИА. 2006 декември 19. Архивирано од изворникот на 2015-12-20. Посетено на 2006 декември 28. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
3. Според легендите, Јапонија била основана на овој датум од царот Џиму, првиот цар на Јапонија; повеќе се смета за симболично.

Етимологија на иметоуреди

Името Јапонија е егзоним. Јапонските имиња за Јапонија се Нипон (にっぽん) слушај и Нихон (にほん) слушај; Обете имиња се пишуваат користејќи ги Канџи знаците 日本. Името Нипон се користи за повеќето официјални потреби како што се на Јапонскиот јен, поштенскитемарки и интернационални спортски натпревари. Нихон е послободна варијанта и се користи разговорно. Јапонците себеси се нарекуваат Нихонџин (日本人), а нивниот јазик Нихонго (日本語). И Нихон и Нипон значат „потекло на сонцето“ и често се преведуваат како Земја на Изгрејсонцето. Ова именување потекнува од позицијата на Јапонија источно од Кина. Пред Нихон да добие официјална употреба, Јапонија била позната како Ва (倭) или Вакоку (倭国).[5]

Историјауреди

Праисторија и древна историјауреди

Првиот јапонски цар Џинму, који датира од 660. година пр.н.е.[6][7][8] — во современа Јапонија крајот на неговиот поход се одбележува како Ден на основање на нацијата 11 февруари

Првите траги на човечко присуство на Јапонскиот Архипелаг потекнуваат од палеолитот, 30.000 години пр.н.е. Потоа, околу 14.000 година пр.н.е. (почеток на џомон периодот) следела мезолитската и неолитската полусендетарна култура ловци-собирачи која се одликува со полуземјанки и неразвиено земјоделство.[9] Тие биле предци на припадниците на денешните народи Аину и Јамато.[10][11] Украсените глинени садови од овој период спаѓаат меѓу најстарите примери на грнчарија на светот. Околу 300 година пр.н.е., народот Јајој почнал да ги населува јапонските острови мешајќи се со припадниците на народот Јомон.[12] Во текот на периодот јајој, кој почнал околу 500 година пр.н.е, била унапредена техниката на одгледување ориз,[13] бил создаден нов вид на изработка на грнчарија и металургија, донесен од Кина и Кореја.[14]

Првиот запис за Јапонија се наоѓа во кинеската Книга на Ханите.[15] Според Записите на трите кралства, Јаматајкоку било најмоќното кралство на архипелагот во текот на 3 век од н.е. Будизмот на Јапонскиот Архипелаг дошол од Пекча на Корејскиот Полуостров, но на развојот на јапонскиот будизам првенствено влијаела Кина.[16] И покрај првичното противење, будизмот го прифатила и раширила владејачката класа, општоприфатен станал на почетокот на периодот асукаа (592—710).[17]

Во текот на периодот нара (710—784) била воспоставена централизирана јапонска држава, чија власт се наоѓала во Царската палата во Нара. Во текот на периодот нара била создадена јапонската книжевност, а се развила и уметноста и архитектурата инспирирана од будизмот.[18] Се верува дека епидемијата големи сипаници од 735 до 737 усмртила третина од јапонското население.[19] Царот Канму во 784 година ја преселил престолнината од Нара во Нагаокакјо, а потоа во 794 година во Хејанкјо, денешен Кјото.

Со ова почнал периодот хејан (794—1185), кога настанала автохтоната јапонска култура, позната по својата уметност, поезија и проза. Во овој период била создадена Приказна за Генџи од Мурасаки Шикибу и стиховите на јапонската химна Кимигајо.[20]

Будизам во периодот хејан главно се ширел преку две школи, тендај на творецот Саича и шингон на творецот Кукај. Школа на чиста земја (џодо-шу, џодо шиншу) стекнала голем број следбеници во втората половина на 11 век.

Феудализамуреди

Борба на самураи со Монголци, во текот на монголската инвазија на Јапонија; Суенага 1293 година
Самураи можеле да убијат обичен човек заради најмала навреди и јапонското население многу се плашело од нив. Период едо, 1798 година

Јапонската феудална доба се одликува со појава и доминација на владејачката класа воини – самураи. После поразот на кланот Тајра во 1185 година во Генпејската војна, опеан во епот Приказна за Хејке, самурајот Минамото но Јоритомо царот Го-Тоба го именувал за шогун, а Јоритомо воспоставил база на моќ во Камакура. По неговата смрт, кланот Хоџо дошле на власт како намесници на шогунот. Во текот на периодот камакура (1185—1333) од Кина се проширила Зен школата на будизмот и стекнала наклоност меѓу класата самураи.[21] Шогунатот Камакура ја одбил монголската инвазија во 1274 и 1281 година, но на крајот го соборил царот Го-Дајго. Царот Го-Дајго во 1336 година бил поразен од Ашикага Такауџи.

Ашикага воспоставил шогунат во Муромачи кај Кјота. Со ова почнал периодот муромачи (1336—1573). Шогунатот Ашикага стекнал слава за време на Ашикага Јошимицу и културата заснована на зен будизмот (уметност Мијаби) напредувала. Ова довело до развој на културата Хигашијама која напредувала до 16 век. Од друга страна, наследниот шогунат Ашикага не успеал да воспостави контрола над феудалните господари на војната (даимјо), па во 1467 година избила граѓанска војна со што почна стогодишниот период сенгоку (Доба на земјата во војна').[22][23]

Во текот на 16 век во Јапонија стигнале првите исусовски мисионери од Португалија, со што почнала трговска и културна размена меѓу Јапонија и Западот. Ода Нобунага ја искористил европската технологија и огненото оружје да го порази поголемиот број даимјоа. Неговото воспоставување власт го означило почетокот на периодот азучи-момојама (1573—1603). Откако бил убиен во 1582 година, неговиот наследник Тојотоми Хидејоши во 1590 година ја обединил земјата и покренал две неуспешни инвазии на Кореја, во 1592 и 1597 година.[24]

Како намесник на синот на Хидејоши, Токугава Ијејасу ја искористил можноста да придобие политичка и воена поддршка. По избивање на војната Токугава ги поразил противничките кланови во Битката кај Секигахара во 1600 година. Од царот Го-Јозеија ја добил титулата шогун во 1603 година и го воспоставил шогунатот Токугава во Едо (денешен Токио).[25] Шогунатот Токугава усвоил мерки меѓу кои биле буке шохато, како правилник на однесување за контрола на автономните даимјоа;[26]. Исто така усвоил изолационистичка политика, сакоку (затворена земја), која траела два и пол века на слабо политичко единство познат како период едо (1603—1868).[27] Проучувањето на западните науки, познати како рангаку, продолжило преку холандската енклава во Деџима во Нагасаки. Исто така, во текот на периодот едо дошло до развој на кокугаку (национална студија), јапонско проучавање на Јапонија.[28]

Современа добауреди

Цар Меиџи (1868-1912), во чие име била обновена царската власт на крајот на шогунатот Токугава

Комодорот на Американската воена морнарица, Метју Пери, ја принудил Јапонија да се отвори за надворешниот свет со укинување на Спогодбата од Канагава на 31 марта 1854 година. Слични спогодби кои уследиле со западните земји во текот на периодот бакамацу предизвикале економска и политичка криза. Оставката на шогунот довела до Бошина војна и воспоставување централизирана држава на чие чело се наоѓал цар (Обнова Меиџи).[29]

Впуштајќи се во активен процес на вестернизација во текот на обновата Меиџи во 1868 година, Јапонија ги прифатил западните политички, правосудни и воени институции и западното културно влијание ја интегрирало традиционалната култура со современата индустрализација. Кабинетот организирал Државен совет, доио устав Меиџи и свикал Теикоку-гикаи (Царско собрание). Во текот на обновата Меиџи Јапонското Царство станало индустријализирана светска сила која учествувала во воените судири за ширење на својата сфера на влијание. Иако Франција и Обединетото Кралство покажале некаков интерес, европските сили наголемо ја игнорирале Јапонија и наместо на него се концентрирале на Кина. Франција се повлекла после својот неуспех во Мексико и поразот од Германците.[30] После победите во Првата кинеско-јапонска војна (1894—1895) и Руско-јапанскота војна (1904—1905), Јапонија завладеала со териториите на Тајвана, Кореја и јужната половина на Сахалин.[31] Освен империјалистичките успеси, Јапонија исто така многу вложила во својот стопански раст, што довело до раздобје на стопански процут во земјата кое траело до Големата криза. [32] Бројот на жители во Јапонија пораснал од 35 милиони во 1873 на 70 милиони во 1935 година.[33]

Кинеските генерали им се предаваат на Јапонците во Кинеско-јапонската војна (1894-1895)

Во Првата светска војна, Јапонија им се придружила на Сојузниците и ги зазела германските поседи, напредувајќи во Кина.Почетокот на 20 век бил раздобје на демократијата Таишо (1912—1926), но во дваесеттите години кревката демократија паднала под политичко поместување кон статизам со донесувањето на закони против политичките дисиденти и низа неуспешни пучеви. Овој процес бил забрзан во триесеттите години со растот на нови радикални националистички групи кои биле против либералната демократија и посветени кон експанзионизам во Азија. Јапонскиот експанзионизам и милитаризам, заедно со тоталитаризмот и ултранационализмот ја преобликувал земјата. Јапонија во 1931 година извршила инвазија и окупација на Манџурија и заради меѓународната осуда на овој акт, го напуштила Друштвото на народите во 1933 година. Јапонија во 1936 година го потпишала Антикоминтернскиот пакт со Германија, а со потпишувањето на Тројниот сојуз во 1940 година станал дел од Силите на Оската.[34] Советско-јапонскиот пакт за неутралност бил потпишана на 13 април 1941 година.[35]

Јапонски претставници потпишуваат предавање на Сојузниците на 2 септември 1945 година у Токискиот Залив, со што била завршена Втората светска војна

Јапонското Царство извршило инвазија на остатокот од Кина во 1937 година што го поттикнало избивањето на Втората кинеско-јапонска војна (1937—1945). Јапонската царска војска брзо ја зазела кинеската престолнина Нанѓинг и извршила голем масакр.[36] Во 1940 година извршила инвазија на Француска Индокина, по што САД вовеле нафтен ембарго на Јапонија.[37] Јапонските сили на 7 и 8 декември 1941 година извршиле ненадеен напад на Перл Харбор, ги нападнале британските сили во Малаја, Сингапур и Хонгконг и им објавила војна на САД и Британската Империја со што ги довела САД и ОК на тихоокеанското боиште на Втората светска војна.[38] По сојузничките победи ширум Тихиот Океан во наредните четири години кои довеле до советска инвазија на Манџурија и атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки во 1945 година, Јапонија на 15 август истата година прифатила безусловна капитулација.[39] Во текот на војната, во Јапонија, колониите, Кина и останатите учеснички погинале десетици милиони луѓе, а најголемиот дел на јапонската индустрија и инфраструктура бил уништен. По војната Сојузниците (предводени од САД) од окупираните подрачја и воените кампови ширум Азија иселиле неколку милиони етнички Јапонци, со што во голема мера била елиминирана Јапонската Империја и била обновена независноста на освоените територии.[40] Исто така, Сојузниците на 3 мај 1946 година формирале Меѓународен воен суд за Далечниот Исток за судење за воени злосторства на јапонските генерали.

Јапонија во 1947 година усвоила нов либерално-демократски устав. Сојузничката окупација на Јапонија завршила со спогодбата во Сан Франциско во 1952 година,[41] а Јапонија станала членка на Организацијата на обединетите нации во 1956 година. Недолго потоа, Јапонија почнала да бележи забрзана стопански раст и станала второ најголемо стопанство на светот, сè до 2010 година кога тоа место го презела Кина. Стопанскиот раст бил окончан во половината на деведесеттите години на 20 век кога државата западнала во голема рецесија. Во почетокот на 21 век дошло до постепено закрепнување на стопанството.[42]

Најсилен забележан земјотрес во историјата на Јапонија ја погодил земјата на 11 март 2011 година кој ја предизвикал Фукушимската катастрофа, една од најтешките катастрофи во историјата на јадрена енергија.[43]

Региониуреди

Територијата на Јапонија е поделена на региони. Јапонија се состои од четири главни острови и голем број на помали острови. Најголемите и главни острови се, од север кон југ, Хокаидо (北海道), Хоншу (本州, најголемиот остров), Шикоку (四国), и Кјушу (九州). Исто така Јапонија се состои од 6 800 острови со брег од 100 метри или повеќе. Хоншу, убедливо најголемиот и најнаселениот остров во Јапонија, е поделен на пет региони. Другите острови не се поделени на подрегиони, па така секој претставува еден регион. Од север кон југ тие се:

  1. Хокаидо - најголеми градови се Сапоро и Хакодате.
  2. Тохоку - североисточен Хоншу во кој најголемите градови се Сендај и Фукушима.
  3. Канто - крајбрежна низина која ги вклучува Токио, Кавасаки, Јокохама и Јокосука. Тука исто така спаѓаат општините Гунма, Саитама, Чиба, Точиги и Ибараки.
  4. Чибу - планински среден регион доминиран од Јапонските Алпи и четвртиот најголем град во Јапонија Нагоја.
  5. Кинки (значи: близу главниот град) - Познат и како Кансаи регион, древен културен центар и трговски центар кој ги вклучува Осака, Кјото, Хјого, Нара, Вакајама и Шига.
  6. Чугоку (значи: Кина) - ги вклучува градовите Хирошима и Окајама.
  7. Шикоку - најмалиот од четирите острови, познат како одредиште за будистичките поклон. Најважните градови се Мацујама и Такамацу.
  8. Кјушу - најјужниот од четирите главни острови. Најважните градови се Фукуока, Китакјушу и Нагасаки.
  9. Окинава - полутропски јужен ланец на острови кој се протега до Тајван. Единствениот голем град е Наха.

Често, поради својата големина, Окинава се брои заедно со Кјушу како Кјушу/Окинава регион.

Географија на Јапонијауреди

Јапонија, земја на острови, се протега по источниот брег на Азија. Главните острови (Хокаидо, Хоншу, Шикоку и Кјушу) некогаш се нарекуваат и домашни острови. Наха, на островот Окинава, во Рјукју архипелагот, се наоѓа 600 км на југозапад од Кјушу. Во поголемиот дел од островите во Јапонија спаѓаат 3.000 помали острови од архипелагот.

  • Површина: 377.835 км (вклучувајќи 3.091 км2 територијални води)
  • Поголеми острови: Хоншу, Хокаидо, Кјушу, Шикоку
  • Брегови линии: 29.751 км2
  • Вештачки формирана земја во Токискиот Залив: 249 км2
  • Највисок врв: Фуџи: (3776 м)
  • Најниска точка: Хачиро-гата -4 м

Јапонија е 16-та најгусто населена земја во светот. Но, со оглед на тоа што 73% од земјата е планинска, со ланец планини кој се протега низ секој остров рамното земјиште е ограничено. Распоредот на населението е определен според верувањето дека планините се наменети за боговите, па така има мал земјоделски и архитектонски развиток во планините низ Јапонија. Друга причина за недостатокот на развој во јапонските планини се земјотресите кои константно предизвикуваат лизгање на земјиштето на јапонските ридови.

Јапонија е ситуирана во вулканска зона на Тихооканскиот Огнен Прстен. Чести слаби потреси и повремени вулкански ерупции се чувствуваат низ островите. Уништувачки земјотреси, кои често резултираат во цунами, се случуваат повеќепати во текот на еден век. Најскорешните земјотреси се оној од 2004 во Чуецу, и големиот зејотрес во Ханшин од 1995. Редовна појава во Јапонија се геотермалните извори (онсен), кои се максимално искористени како престојувалишта.

Климауреди

Политички системуреди

Административна поделбауреди

ХокаидоАомориАкитаИватеЈамагатаМијагиФукушимаНиигатаТочигиГунмаИбаракиНаганоСајтамаЧибаТокиоКанагаваТојамаИшикаваГифуФукуиЈаманашиШизуокаАјчиШигаКјотоМиеНараХјогоХјогоВакајамаТоториОкајамаШиманеХирошимаЈамагучиКагаваТокушимаЕхимеКочиФукуокаОитаСагаНагасакиКумамотоМијазакиКагошимаОкинаваТокиоКанагаваОсакаВакајама

Стопанствоуреди

Според номиналниот БДП Јапонија е на трето место во светот. Јавниот долг на Јапонија во 2016 година изнесувал повеќе од 230% од неговиот бруто-домашен производ, најголем на целиот свет. Услужниот сектор сочинува три четвртини од бруто-домашниот производ.

Јапонија има прилично развиени индустриски капацитети и тоа може да се види во некои од најголемите и технолошки најнапредните производители на моторни возила, електрични уреди, машински алати, челик и обоени метали, бродови, хемиски производи, текстил и храна. За земјоделство се користи 13% од територијата на државата, а покрај тоа многу е развиен и риболовот, бидејќи Јапонија остварува 15% од светскиот лов на риби. Во 2017 година Јапонија имала 65,01 милиони жители кои биле способни за работа и невработеноста во државата изнесувала само неверојатни 2,9%. Околу 20 милиони луѓе, или околу 17% од населението во државата, во 2017 година се наоѓале под линијата на сиромаштијата. Живеењето во Јапонија се одликува со ограничување на количината на земјиште во урбаните подрачја. Најголеми држави во кои се извезуваат производи се САД (19,4%), Кина (19%), Јужна Кореја (7,6%), Хонгконг (5,1%) и Тајланд (4,2%). Најголемиот дел од извозот го сочинуваат автомобилите, моторните возила и производи од железо и челик. Јапонија најмногу увезува од Кина (24,5%), САД (11%), Австралија (5,8%), Јужна Кореја (4,2%) и Саудиска Арабија (4,1%). Во оваа држава најмногу се увезуваат машини и опрема, фосилни горива, прехранбени производи, хемикалии, текстил и суровини за јапонската индустрија. Јапонскиот домашен пазар е најмалку отворен од сите држави. Администрацијата во Јапонија започнала со спроведување на одредени реформи кои се однесуваат на конкуренцијата на пазарот, а со тоа и странските инвестиции во државата значително пораснале.

Јапонија во 2018 година се нашла на 34. место според индексот на леснотија со вработување и има еден од најмалите даночни приходи во развиениот свет. Јапонската варијанта на капитализмот има свои карактеристични особености: постојаното вработување и напредување во кариерата засновано на староста е релативно вообичаено во јапонското работно опкружување. Најпознати јапонски глобални брендови се Тојота, Хонда, Канон, Нисан, Сони,Мицубиши, Панасоник, Нинтендо, Мазда и Сузуки.

Демографијауреди

Населениеуреди

Бројот на население во Јапонија се проценува на околу 128 милиони, од кои 80% живеат на островот Хоншу. Јапонското население е лингвистички, етнички и културно хомогено, сочинето од 98,5% етнички Јапонци,со мал број на странски работници. Корејци, Кинези, Филипинци, Бразилци претежно со јапонско потекло, Перуанци претежно со јапонско потекло и Американци се едни од малите малцински групи во државата.

Јазикуреди

Повеќе од 99% од населението го зборува јапонскиот јазик како мајчин јазик.

Образованиеуреди

Основното училиште, средното училиште и универзитетот го сочинуваат образовниот систем во Јапонија. Од 1947 година основното и нижото средно училиште се задолжителни и тие заедно траат вкупно 9 години (од 6 до 15 годишна возраст). Скоро сите деца го продолжуваат своето школување во вишо средно училиште кое трае дополнителни три години.

Образованието во Јапонија е едно од најразвиените во целиот свет. Јапонското население е многу добро образовано и образованите луѓе се многу почитувани од страна на општеството.

Најпознати и најразвиени универзитети се универзитетите во Токио и во Кјото, чии студенти се стекнале со вкупно 16 нобелови награди.

Верници во Јапонија
Шинтоисти
  
51,8 %
Будисти
  
34,9 %
Шаотиска Оргензација и Други
  
4 %
Христијани
  
2,3 %
Без Религија
  
7 %

Спортуреди

Sumo wrestlers competing in Tokyo

Традиционално, сумото се смета за национален спорт на Јапонија. Јапонските боречки вештини како џудо, карате и кендо се исто така широко распространети и гледачите од целиот свет сакаат да ги гледаат. По Обновата на Мејџи, многу западни спортови беа претставени во Јапонија и започнаа да се практикуваат во образовниот систем. Јапонија беше домаќин на Летните олимписки игри во Токио во 1964 год. Јапонија, исто така, двапати беше домаќин на Зимските олимписки игри, и тоа во Сапоро во 1972 год и во Нагано во 1998 год.

Професионалната бејзбол лига во Јапонија беше основана во 1936 г. Денес бејзболот е најпопуларен спорт за гледачите во оваа земја. Еден од најпознатите професионални бејзбол играчи е Ичиро Сузуки, кој моментално игра за Сиетл Маринерс. Садахару О беше многу познат надвор од границите на Јапонија. Тој постигна повеќе хоумранови во својата кариера отколку Хенк Арон во САД. Од формирањето на Јапонската професионална фудбалска лига во 1992 г., фудбалот се здоби со голема публика. Во Јапонија се одржуваше Интерконтиненталното првенство од 1981 г. до 2004 г. и таа беше ко-домаќин со Јужна Кореја на Светското првенство во фудбал во 2002 год. Јапонија го има еден од најуспешните фудбалски тимови во Азија, кој четири пати победи на Азиското првенство. Исто така, Јапонија победи на Светското првенство во фудбал за жени во 2011 г.

Голфот, е исто популарен во Јапонија, како и формите на тркање со автомобили, како што се Супер ГТ спортските трки и тркањето со формули. Патеката за тркање „Твин Ринг Мотеги“ беше завршена во 1997 г. од страна на Хонда со цел да ги донесат автомобилските трки Индикар и во Јапонија. Од Јапонија потекнува и еден кошаркар во НБА лигата, Јута Табусе.

Јапонија како тема во уметноста и во популарната културауреди

  • „Приказна од Јапонија“ (српски:Priča iz Japana) - песна во проза на српскиот писател Иво Андриќ.[44]
  • „Песна за јапонецот и за уште нешто“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.[45]
  • „Јапонска бајка“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.[46]
  • „Јапонија“ (Japan) - британска рок-група.[47]
  • „Направено во Јапонија“ (англиски: Made in Japan) - албум на британската хард рок-група „Дип Парпл“ (Deep Purple) од 1972 година.[48]
  • „Откривање на Јапонија“ (англиски: Discovering Japan) - песна на британскиот рок-пејач Греам Паркер (Graham Parker) од 1979 година.[49]
  • „Се претворам во Јапонец“ (Turning Japanese) - песна на британската рок-група „Вејпорс“ (The Vapors) од 1980 година.[50]

Наводиуреди

  1. „CIA Factbook: Japan“. Архивирано од изворникот на 2015-12-20. Посетено на 2009-03-17.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Јапонија“. ММФ. Посетено на 2008 октомври 09. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „World Factbook: Gini Index“. CIA. Архивирано од изворникот на 2014-06-25. Посетено на 11 мај 2011.
  4. „2014 Human Development Report“ (PDF). 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  5. Piggott, Joan R. (1997). The emergence of Japanese kingship. Stanford University Press. pp. 143–144. ISBN 0-8047-2832-1.
  6. Keally, Charles T. (27 април 2009). „Kofun Culture“. www.t-net.ne.jp (англиски). Japanese Archaeology.
  7. Kitagawa 1987, стр. 145.
  8. Szczesniak, Boleslaw (1954). „The Sumu-Sanu Myth. Notes and Remarks on the Jimmu Tenno Myth“. Monumenta Nipponica (англиски). 10 (1/2): 107–126. doi:10.2307/2382794.
  9. Travis, John. „Jomon Genes - Using DNA, researchers probe the genetic origins of modern Japanese“ (англиски). University of Pittsburgh.
  10. Matsumara, Hirofumi; Dodo, Yukio; Dodo, Yukio (2009). „Dental characteristics of Tohoku residents in Japan: implications for biological affinity with ancient Emishi“. Anthropological Science (англиски). 117 (2): 95–105. doi:10.1537/ase.080325.
  11. Hammer, Michael F.; Karafet, TM; Park, H; Omoto, K; Harihara, S; Stoneking, M; Horai, S; и др. (2006). „Dual origins of the Japanese: common ground for hunter-gatherer and farmer Y chromosomes“. Journal of Human Genetics. 51 (1): 47–58. doi:10.1007/s10038-005-0322-0. PMID 16328082.
  12. Denoon 2001, стр. 22–23.
  13. „Road of rice plant“. National Science Museum of Japan. Архивирано од изворникот на 5 април 2015.
  14. „Yayoi Culture (ca. 300 B.C.–300 A.D.)“. www.metmuseum.org (англиски). Metropolitan Museum of Art.
  15. Takashi & Goodwin 1993, стр. 275.
  16. Brown 1993, стр. 140–149.
  17. Beasley 1999, стр. 42.
  18. Totman 2002, стр. 64–79.
  19. Hays 2005, стр. 31.
  20. Totman 2002, стр. 79—87; 122—123.
  21. Totman 2005, стр. 106–112.
  22. Sanson 1961, стр. 42.
  23. Sanson 1961, стр. 217.
  24. Turnbull 2002, стр. 227.
  25. Turnbull 2010, стр. 61.
  26. Totman 2005, стр. 142–143.
  27. Toby, Ronald P. (1977). „Reopening the Question of Sakoku: Diplomacy in the Legitimation of the Tokugawa Bakufu“. Journal of Japanese Studies. 3 (2): 323–363. doi:10.2307/132115.
  28. Ohtsu, M.; Ohtsu, Makoto (1999). „Japanese National Values and Confucianism“. Japanese Economy. 27 (2): 45–59. doi:10.2753/JES1097-203X270245.
  29. Totman 2005, стр. 289–296.
  30. Herbert 1946, стр. 46.
  31. Matsusaka 2009, стр. 224–241.
  32. Baran 1962, стр. 160.
  33. Hiroshi 1999, стр. 17.
  34. „The Axis Alliance“. iBiblio.
  35. Totman 2005, стр. 442.
  36. „Judgment International Military Tribunal for the Far East, Chapter VIII: Conventional War Crimes (Atrocities)“. iBiblio. November 1948.
  37. Worth 1995, стр. 56, p=86.
  38. „The Kingdom of the Netherlands Declares War with Japan“. iBiblio.
  39. Pape, Robert A. (1993). „Why Japan Surrendered“. International Security. 18 (2): 154–201. doi:10.2307/2539100.
  40. Watt 2010, стр. 1–4.
  41. Coleman, Joseph (6 март 2007). '52 coup plot bid to rearm Japan: CIA“. The Japan Times. Архивирано од изворникот на 2016-04-11.
  42. „Japan scraps zero interest rates“. BBC News. 14 јули 2006.
  43. Fackler, Martin; Drew, Kevin (27 март 2016). „Devastation as Tsunami Crashes Into Japan“. The New York Times.
  44. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 106-107.
  45. Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 61-66.
  46. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 28.
  47. Discogs, Japan (пристапено на 18 декември 2017)
  48. YouTube, DEEP PURPLE - Made in Japan (full album) 1972 (пристапено на 18 декември 2017)
  49. YouTube, Graham Parker & The Rumour - Squeezing Out Sparks (1979) (пристапено на 19 декември 2017)
  50. Discogs, The Vapors ‎– Turning Japanese (пристапено на 4 септември 2019)

Надворешни врскиуреди

Поврзаноуреди

🔥 Top keywords: Главна страницаВирусСпецијална:БарајМакедонски претседателски избори (2024)Еврејски празнициМакедонски парламентарни избори (2024)МакедонијаGmailМакедонски парламентарни избори (2020)Робинзон КрусоАнгкор ВатКарлес ПуџдемонБратиславаОче нашГоце ДелчевСкопјеЛетно сметање на времетоХепатит ЦСписок на македонски народни поговоркиАнтичка МакедонијаМочуриштеБалканска приказна (ТВ-серија)Бор (град)Локални избори во Македонија (2021)Народна Република КинаИзборна единица 5Мирко ПоповСвети Кирил и МетодијИзборни единици во МакедонијаХристијанизација на Киевска РусијаКамбоџаМинистерство за животна средина и просторно планирањеДевојка со бисерна обеткаИзборна единица 1Гај Јулиј ЦезарКалендар на Велигденски датумиКочо РацинМајка ТерезаИзборна единица 2ПеперугиВојскаБитолаИзборна единица 3Скратеници во македонскиот јазикВелигденФК Манчестер СитиСпоменка (книга)ЕвропаСјогренов синдромЛехово (Леринско)Џ. Р. Р. ТолкинЗагребСкржавецот (Плавт)Википедија:Авторски праваМакедонци-муслиманиДаниел ДефоЖивко МукаетовАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаШтрковиРимска уметностМакедонскиСтар ЕгипетЛионел МесиСписок на повикувачки броеви на земјитеСписок на планини во МакедонијаГригор ПрличевДемократска партија на Турците на МакедонијаГеографија на МакедонијаТартифСредоземно МореДржавни празници во МакедонијаИлинденско востаниеАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЕгипетИзборна единица 4КошаркаМакедонска револуционерна организацијаЛазар Ристовски (глумец)Даме ГруевПодметИзборна единица 6Алиса во земјата на чудатаМодул:ArgumentsСмртност на доенчињаПрво заседание на АСНОМГолеми и мали (роман)ИменкаСписок на градови во МакедонијаБалтиморРак на белите дробовиСтругаМојот звукОпштини во МакедонијаИзбори во МакедонијаЕлена ЗагорскајаИнфективна мононуклеозаВардарПиреј (роман)Јане Сандански